Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОСКАПУВАЊЕТО НА ВОДАТА ЗА 7 ДЕНАРИ НЕ Е НИКАКОВ ТРОШОК Бислимоски вели дека новата цена е по барање на ЈП „Водовод и канализација“
Македонија

ПОСКАПУВАЊЕТО НА ВОДАТА ЗА 7 ДЕНАРИ НЕ Е НИКАКОВ ТРОШОК Бислимоски вели дека новата цена е по барање на ЈП „Водовод и канализација“

28/02/2023

AA

Барањето за поскапување на водата е поднесено од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во текот на ноември минатата година и ние не сакаме да се натегаме дали поднеле или не поднеле барање. Фактите се јасни – ние донесовме одлука согласно нивното барање. Тие бараа минималната цена да биде околу 30, а максималната 57 денари, потврди денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски.

– Имајќи предвид дека цената на електричната енергија за јавните комунални претпријатија е субвенционирана од државата и дека таа субвенција ќе продолжи и во наредните три месеци таа одлука што ја донесовме ќе претрпи корекција и минималната цена која ќе ја донесеме во четврток ќе значи намалување на цената за вода во Град Скопје, додека максималната ќе биде таква каква што е. Оставаме на Водовод Скопје и нивниот Управен одбор да донесе одлука врз основа на нашата одлука, а потоа таа треба да се испрати до Советот на Град Скопје – рече Бислимоски во одговор на новинарско прашање пред почетокот на презентацијата на студијата „Ефектите од кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Северна Македонија.

Верувам, додаде, дека ова ќе биде поука за сите останати јавни комунални претпријатија дека кога ќе поднесат барање треба да останат на тоа барање, а не да политизираат.

– Ние не се криеме зад нашата одлука која ја донесовме, бидејќи е во рамки на нормала и зголемување од 7 денари не е никаков месечен трошок. Затоа нема потреба од популизам. Ние како институција не гледаме кој од каде е и поддржавме јавните комунални претпријатија да имаат субвенционирана цена на електричната енергија и таа цена ја имаат – потенцира Бислимоски.

Прашан што ќе се случи со барањата од другите општини за зголемување на цената на водата, тој рече дека во моментов се разгледуваат.

– Охрид има поднесено барање за зголемување на цената на водата за околу 70 проценти. Тоа го разгледуваме, но кога некој ќе поднесе барање за зголемување на цена од 70 проценти нема реалност. Пред да се поднесе вакво барање треба да се мисли. Ние нема да дозволиме да се зголеми цената за 70 проценти за да може јавните комунални претпријатија, не само во Охрид, туку насекаде низ државата, да бидат фабрика за вработување, бидејќи на крај ќе немаме вода – рече Бислимоски и додаде дека зголемување на цената побарале и Кочани и Ресен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

В САБОТА OБЛАЧНО, В НЕДЕЛА 20 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН

09/10/2026
Македонија

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО

09/10/2026
Македонија

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал

09/10/2026
Македонија

ВО СОЛУН ПРОРАБОТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА

09/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА БАРА ГЕРМАНСКО ЗНАЕЊЕ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА ЗДРАВСТВОТО Клековски разговараше

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

80 ГОДИНИ ОД ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА КОСКИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО

09/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46086
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

В САБОТА OБЛАЧНО, В НЕДЕЛА 20 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН МЕТАР Од вторник се очекува

09/10/2026

Утрото во сабота, 10 октомври, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во вечерните часови ќе има

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО УНЕСКО Македонија, Грција и Албанија

09/10/2026

Преспанскиот Регион би можел да се најде на Листата на светското наследство на УНЕСКО, откако Македонија, Грција и Албанија се

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал до партиска функција благодарение на

09/10/2026

Внукот на поранешната обвинителка Вилма Русковска, Герасим Лазов, се најде на удар на ВМРО-ДПМНЕ откако јавно ги критикувал состојбите во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy