Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОСКАПЕ РУСКИОТ ГАС ВО МАКЕДОНИЈА, ИЛИ НЕ?
Економија

ПОСКАПЕ РУСКИОТ ГАС ВО МАКЕДОНИЈА, ИЛИ НЕ?

08/11/2023

AA

Потрошувачите и натаму се во неизвесност дали рускиот гас ќе поскапе во Македонија со воведената дополнителна такса од 10 евра за мегаватчас за транзит преку Бугарија. Бидејќи најголем дел од гасот кој се користи во Македонија доаѓа од Русија, експертите велат дека ова ќе значи негово поскапување за нешто повеќе од 17 отсто, што би било тешко подносливо за македонската економија.

Вчера министерот за економија Крешник Бектеши излезе со тврдење дека гасот кој доаѓа од „Газпром“ веќе е поскапен во земјата, на што „Макпетрол“ веднаш се јави со демант..

– Снабдувачот кој има директен договор со „Газпром“ започна со зголемување на цените за 10 евра со вградување на таксата која е воведена во Бугарија. Такви снабдувачи во државата имаме двајца -еден е фирма ќерка на ТЕ-ТО, а другата е фирма во Македонија која користи целосно руски гас. Тие веќе стануваат неконкурентни на македонскиот пазар со снабдување на рускиот природен гас,  рече Бектеши.

Од „Макпетрол“ тврдат дека, како клиенти на „Газпром“ со кого имаат годишен договор, немаат наметнато поскапување и дека рускиот доставувач останува на тоа што е договорено, независно од тоа што се случува помеѓу една од најголемите енергетски компании во светот и Бугарија.

„Макпетрол децидно демантира дека цената на природниот гас за своите потрошувачи ќе биде зголемена“, гласи категоричниот демант на „Макпетрол“, од каде не ни очекуваат во иднина да ги зголемат цените.

Трговецот Митко Андреевски вели дека од она што може да се види со голо око е дека цените на гасот за транспорт во малопродажба се зголемени од 64 на 71,5 денари, додека билатералните договори со индустријата се тајни и таму не може да се види дали има промени.

– Ако не сега, од 1 декември очекувам да има поскапување. Сепак не треба да бидеме сигурни дека и тековните договори за ноември нема да бидат поскапи, затоа што може дополнително да бидат фактурирани со т.н. „форс мажор“ (виша сила), вели Андреевски како познавач на приликите.

Од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, чиј систем е еден од најголемите потрошувачи на руски гас, велат дека засега цените остануваат непроменети, односно дека нема големо поскапување.

– Ние имаме месечни договори и нема зголемување на цената на тој што го потпишавме за месец ноември, додека за декември останува да видиме што ќе се случи, брифираат од ТИРЗ.

Со ЕСМ не успеавме да стапиме во контакт за коментар за цената по која се купува гасот за топланите. Како што е познато, од таму се склучуваат месечни договори кои во последно време ги добива бугарски оператор.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ КРЧКА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО? Денеска се одржала

18/02/2026
Македонија

Јаневска не се откажува од предлог-законот за високо образование, вели

18/02/2026
Македонија

Првичен дијалог за повисоки плати во здравството: ФЗО и синдикатите

18/02/2026
Македонија

ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОСОМНИЧЕНИ ВО ВРСКА СО КАНАБИСОТ ЗАПЛЕНЕТ ВО

18/02/2026
Македонија

📷 НОВИ РОБОТИ И БОМАШКИ ОДЕЛА ЗА СПЕЦИЈАЛЦИТЕ Американска донација

18/02/2026
Македонија

Собранието го избра Гоце Наумовски за уставен судија

18/02/2026
Македонија

ЗХГ бара веднаш да се активира „Безбеден град“ за пронаоѓање

18/02/2026
Македонија

Вчера уапсени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41626
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ КРЧКА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО? Денеска се одржала средба на таа тема во

18/02/2026

Во Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска се одржа средба за зголемување на платите во јавното здравство, објави директорот

Јаневска не се откажува од предлог-законот за високо образование, вели нема да се повлече, тој

18/02/2026

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, од собраниската говорница порача дека нема да го повлече предлог-законот за високо образование,

Првичен дијалог за повисоки плати во здравството: ФЗО и синдикатите ги разгледуваат можните модели

18/02/2026

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, денеска одржа клучна средба со претставниците на двата најголеми синдикати во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy