Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОСКАПЕ ЛЕБОТ И ДЕЛ ОД ПЕЦИВАТА – еве кои се причините и какви се очекувањата за следниот период
Економија

ПОСКАПЕ ЛЕБОТ И ДЕЛ ОД ПЕЦИВАТА – еве кои се причините и какви се очекувањата за следниот период

12/06/2024

AA

И покрај укажувањето и ветувањата дека цените на лебот нема да се менуваат, на пазарите веќе се продаваат најтрошените производи по цени кои се за десетина проценти поскапи. Имено, белиот и полубелиот леб на парчиња се продаваа за 29 денари, но денеска веќе цените се 33 денари. Причина за поскапувањето според упатените е зголемената цена на пченицата на светските берзи и во Србија, од каде што набавуваме најголем дел. 

– Цените на лебот одамна се одмрзнати и тоа не е причината за зголемување на цената на лебот. Причина се зголемените цени на пченицата на светските берзи. За период од месец и пол, цената на пченицата се зголеми за 20 отсто, потоа малку се намали и сега е повисока за околу 10 отсто. Се очекува дека ќе се намали цената на пченицата во текот на жетвата и дека ќе се стабилизира цената на лебот – објаснува Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.

Од пред два дена, и другите помали пекарници доставиле нови ценовници до трговците. Дел од малите пекарници ја зголемиле и цената на переците, кои сега чинат 40 денари, а има нови цени и на кифлите и на ѓеврекот. Засега останува иста само цената на питите и на бурекот. Тие се продаваат за цена  од 80 до 100 денари за четврт.

Пред еден месец, претседателот на Агрокомората при ССК, Горан Георгиевски, рече дека цената на лебот засега ќе биде стабилна. Но, веднаш потоа откако ја даде изјавата, цените на пченицата на светските берзи пораснаа за 20 отсто.

– Цената на лебот ќе остане иста, стабилна е. Не знаеме што ќе се случува во однос на војната во Украина и на Блискиот Исток, која директно се рефлектира на цената на нафтата, не знаеме ниту каква ќе биде жетвата во Русија и во Украина и што ќе се случува со производството на жито. Повеќе параметри влијаат на финалната цена, но во овој момент ќе има иста цена на лебот. Инаку, ние стоиме зад либералниот концепт што го заговараме, дека секогаш понудата и побарувачката треба да ја одредуваат конечната цена –  изјави тогаш Ѓорѓиевски.

Што се однесува, пак, до домашното производство, годинава се очекуваат подобри и поголеми приноси на пченицата и на јачменот. И покрај тоа што моментално сè уште официјално не се почнати откупот и жетвата, последните информации од терен покажуваат дека цените се движат од 8 до 10 денари за килограм.

Земјоделците бараат, пред почетокот на жетвата, да се направи калкулација за нова производна цена за пченицата за да не работат со загуба.

На светските берзи, пченицата го достигна својот максимум и деновиве се продаваше по цена од 27 денари за килограм.

Во земјава, во просек се произведуваат околу 250.000 тони пченица. Овие приноси не се доволни, па за да се покријат основните потреби на населението, се увезува пченица од странство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на

10/04/2026
Македонија

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето

10/04/2026
Македонија

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026
Македонија

Приведени 10 возачи за безобѕирно управување возило

10/04/2026
Македонија

СЕ ОЧЕКУВА МЕТЕЖ И ЗАСТОЈ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Почнува целосната

10/04/2026
Македонија

Стабилизација на времето за Велигден, потоа дожд и ветер

10/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

10/04/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42351
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на продолжен викенд!

10/04/2026

Празничниот продолжен викенд донесе зголемен метеж на граничните премини во земјава, при што голем број граѓани решија слободните денови и

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето во делот на лифтот

10/04/2026

На 09.04.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026

На 09.04.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од ОВР Струга извршија службен разговор со Г.М.(52) од струшкото село Калишта. Претходно,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy