Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОСЕДУВА 700 МИЛИОНИ ЕВРА: Кој е најбогатиот човек на Балканот?
Економија

ПОСЕДУВА 700 МИЛИОНИ ЕВРА: Кој е најбогатиот човек на Балканот?

30/04/2025

AA

Самир Мане е најбогатиот човек на Балканот, „тежи“ 700 милиони евра, а многумина и не слушнале за него. 

Кога како млад човек избегал од тогаш затворената и сиромашна Албанија во раните деведесетти, Самир Мане имал повеќе соништа отколку пари во џебот. Денес, три децении подоцна, тој се смета за еден од најбогатите луѓе не само во Албанија, туку и во целиот балкански регион – со имот проценет на над 700 милиони евра. Роден и израснат во комунистичка Албанија, Мане ја напуштил својата татковина во 1991 година и отишол во Австрија, тогаш рај за оние што бегале од социјалистичкиот блок. Тој не губел време таму – го започнал својот прв бизнис со увоз на електроника од Австрија во Албанија.

Неговата компанија „Нептун“, која започна како мала дистрибутивна мрежа, подоцна прерасна во водечки малопродажен синџир во регионот. Денес, Мане ја предводи групацијата „Балфин“ – конгломерат кој вклучува недвижности, малопродажба, логистика, рударство, па дури и банкарство. Неговиот најпознат проект, луксузниот комплекс „Грин Коуст Ризорт“ на јадранскиот брег на Албанија, привлекува инвеститори и туристи од целиот свет. Но, успехот не дошол случајно. Неговите бизнис тактики се базираат на агресивно инвестирање во недвижнини, препознавање на потенцијалот на пазарите што другите го игнорираат и неверојатен инстинкт за вистинскиот момент. Додека другите чекаа на стабилност во посткомунистичките земји, Мане купи земјиште и ја прошири својата мрежа. Неговиот модел на раст наликува на стариот: „Купувајте додека е евтино, доминирајте кога сите ќе дојдат“, раскажува Каматица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy