Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поради нефункционалниот радар, зголемено растојание меѓу авионите над Скопје
Македонија

Поради нефункционалниот радар, зголемено растојание меѓу авионите над Скопје

22/09/2025

AA

Македонската контрола на летање (М-НАВ) издаде официјално известување (NOTAM) со кое се воведува зголемено хоризонтално растојание меѓу авионите во воздушниот простор над Скопје, мерка што може да предизвика доцнења на летовите на Меѓународниот аеродром Скопје.

Според известувањето, од денеска наутро (22.09) до утре напладне (23.09), минималната хоризонтална радарска сепарација во терминалната област на Скопје е зголемена на 10 наутички милји.

Практично, ова значи дека контролорите на летање мора да одржуваат двојно поголемо растојание меѓу авионите кои летаат во близина на аеродромот, што директно го намалува капацитетот на воздушниот простор и бројот на полетувања и слетувања кои можат да се реализираат во еден час.

Во известувањето, кое се однесува на проблематика со Секундарниот надзорен радар (SSR), се наведува дека мерката стапила на сила утринава во 08:37 часот по UTC (10:37 по локално време) и ќе важи до утре, 23 септември, до 12:00 часот по UTC (14:00 часот по локално време).

Патниците кои патуваат во овој период се советуваат да ги следат информациите од своите авиокомпании за можни промени во редот на летање.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy