
Поплави во Прилеп – улиците под вода!
По поројниот дожд кој го зафати Прилеп во временскиот период од 15.00 часот до 16.00 часот, заради неможноста атмосферската канализација да ги прифати големите количини вода, дојде до полавување на улиците во централното градско подрачје со што беше отежнато одвивањето на сообраќајот. Со намалувањето на интензитетот на врнежите , состојбата се нормализира.
Екипите на ЈКП,,Комуналец“ работат на расчистување на градските улици, а ЈП,,Македонија пат“ на регионалните патишта од остатоците – наносите од водата (ѓубре, земја и друго). До овој момент немало интервенции за испумпување на вода од поплавени простории.
Имало само една пријава на ул,,Цане Коњарец“, но заради ниското ниво на водата во просториите, ТППЕ Прилеп не интервенирала.