Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОПЛАВЕНИ ХОТЕЛИ И КУЌИ: Има жртви во Бугарија и Турција
Регион

ПОПЛАВЕНИ ХОТЕЛИ И КУЌИ: Има жртви во Бугарија и Турција

05/09/2023

AA

Четворица загинати има во поплавите во Бугарија и Турција, а поплавени се хотели и куќи.

Двајца загинаа, а уште три лица се сметаат за исчезнати, објави бугарскиот телевизиски канал „БТВ“, повикувајќи се на властите.

Властите во градот Царево прогласија вонредна состојба откако реката Велека се излеа. Патиштата се поплавени, некои мостови се однесени, а неколку одморалишта се отсечени. Во Синеморец прекинато е снабдувањето со електрична енергија, а помалото село Кости е евакуирано. Властите во Царево ги повикаа луѓето да се преселат на повисоки места каде што е можно.

По поплавите на западот на Турција, пет луѓе се водат како исчезнати, меѓу кои и едно дете, јави државната новинска агенција Анадолија. Поплавите однесоа и бунгалови во одморалиштето во западната провинција Киркларели во близина на границите со Грција и Бугарија.

Обилни дождови вчера го погодија и градот Мугла во југозападна Турција, а гром предизвика пожари на 36 локации, јави Анадолија. Агенцијата за справување со катастрофи АФАД прогнозираше невреме во западниот и југозападниот дел на земјата, предупредувајќи за поројни поплави, удари на гром и силен ветер.

Невреме има и во Грција. Еден човек е пронајден мртов, а стотици куќи и патишта се поплавени во пристанишниот град Волос, во централна Грција, како резултат на бурата Даниел. Настрдаа 70 годишен сточар. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42395
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените за донирање на органи и

12/04/2026

Државата подготвува значајни измени во системот за донорство на органи, со кои секој граѓанин ќе може лично да се изјасни

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026

Новата учебна 2025/2026 година носи загрижувачки трендови во основното образование, но и мал оптимизам кај средното, покажуваат најновите податоци за

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026

Цените во угостителскиот сектор продолжуваат постепено да растат, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, што укажува на континуиран

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy