
Попладне во Македонија невреме со град, ветер и грмотевици!
Времето денеска ќе биде претпладне сончево со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.
Во Скопје сончево со умерена облачност, попладне со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Следува период на променливо облачно и топло време, во попладневните часови наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со силен ветер и појава на град.
Под влијание на циклонска активност и нестабилна воздушна маса во следните денови ќе преовладува променливо облачно и топло време, во попладневните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер и со услови за изолирана појава на град.
И во Скопската Котлина во попладневните часови ќе има почеста појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.
