Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОНИШТЕН ПОВИКОТ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НОВИ АВИОЛИНИИ, учесниците не ја комплетирале документацијата
Економија

ПОНИШТЕН ПОВИКОТ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НОВИ АВИОЛИНИИ, учесниците не ја комплетирале документацијата

10/02/2023

AA

Поништен е повикот за субвенционирани летови од двата аеродрома во државава и ќе биде распишан нов. Комисијата за евалуација на понудите што на повикот ги доставија авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ констатирала дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација и го поништила повикот. 

Поништен е повикот за субвенционирани летови од двата аеродрома во државава и ќе биде распишан нов. Комисијата за евалуација на понудите што на повикот ги доставија авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ констатирала дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација и го поништила повикот. 

– Од страна на Комисија составена од членови од неколку државни институции се изврши евалуација на доставените понуди и притоа Комисијата констатира дека авиокомпаниите не ја доставиле комплетната документација пропишана во условите од јавниот повик. Согласно тоа, Комисијата донесе одлука за поништување на јавниот повик, соопшти попладнево  Министерството за транспорт и врски.

Оттаму очекуваат во најбрз врменски период Комисијата да распише нов јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период 2023-2025 година.

Најавуваат дека јавниот повик ќе се објави во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска унија. – Целта е да се поттикне и развива воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија и да се овозможи поголем број на дестинации за граѓаните, стои во соопштението. 

Ресорното Министерство потенцира Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за транспорт и врски е силно посветена на реализација на програмската определба за развој на авиосообраќајот.

-Нашата цел е да ги искористиме капацитетите што ги нуди Меѓународниот аеродром Скопје и Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле и да овозможиме квалитетни услуги со поширок спектар на дестинации за граѓаните преку конкурентни цени на авио билетите, посочуваат од Министерството за транспорт. 

Со поништениот повик, што траеше од 20 декември лани до 26 јануари годинава,  за разлика од претходните, можеа да се изберат повеќе авиокомпании што ќе добијат субвенции за нови авиолинии. Се предвидуваше да се доделува субвенција од седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром „Скопје” и од 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот „Св. Апостол Павле” – Охрид.

За годинава се предвидени 1,1 милион евра за финаниска поддршка за нови авиолинии.

На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер”.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАПАДИТЕ ВРЗ НОВИНАРИТЕ ПОД ЛУПА НА ИНСТИТУЦИИТЕ Владата најавува национален

27/10/2026
Македонија

СДСМ Е ОСНОВОПОЛОЖНИК НА СРПСКИОТ, РУСКИОТ И НА КИНЕСКИОТ СВЕТ

27/10/2026
Македонија

НА ЕДЕН ЛЕКАР ПО 691 ЗАТВОРЕНИК, СВЕТСКИОТ СТАНДАРД Е 300!

27/10/2026
Македонија

ОБЈЕКТИ СО ВРЕДНОСТ ОД 1 ДЕНАР СЕ НАСЛЕДЕНА ЛОША ЕВИДЕНЦИЈА

27/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ОДБИ ГАЗДА ДЕКО И СИНОТ МИХАЈЛО ЗА СВЕДОК

27/10/2026
Македонија

ЗАБЕЛЕЖАЛЕ ПОВРЕДИ КАЈ УЧЕНИЧКА, ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА Обавен службен разговор

27/10/2026
Македонија

ГО НАПАДНАЛ ТАТКА СИ, ПА ФИЛМСКИ СЕ БРКАЛЕ СО АВТОМОБИЛИ

27/10/2026
Македонија

79-ГОДИШНА ЖЕНА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО КУЌА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Најверојатно

27/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46394
  • Регион 3998
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАПАДИТЕ ВРЗ НОВИНАРИТЕ ПОД ЛУПА НА ИНСТИТУЦИИТЕ Владата најавува национален план до 15 декември

27/10/2026

Владата најавува Национален комитет за безбедност на новинарите, со учество на институциите и новинарските здруженија. Планот ќе опфати превенција, заштита,

СДСМ Е ОСНОВОПОЛОЖНИК НА СРПСКИОТ, РУСКИОТ И НА КИНЕСКИОТ СВЕТ ВО МАКЕДОНИЈА На ВМРО-ДПМНЕ ѝ

27/10/2026

СДСМ го изгуби компасот, веќе не знаат каде тераат – навреди, закани и ширење говор на омраза е нивното однесување

НА ЕДЕН ЛЕКАР ПО 691 ЗАТВОРЕНИК, СВЕТСКИОТ СТАНДАРД Е 300! Ниско ниво на здравствени услуги

27/10/2026

Македонските затвори се пренатрупани, а медицинскиот персонал што работи во нив е недоволен и преоптоварен, констатира Народниот правобранител, по спроведена

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy