Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поминавте на зелено, но останавте среде раскрсница? Казната може да биде до 45 евра!
Македонија

Поминавте на зелено, но останавте среде раскрсница? Казната може да биде до 45 евра!

20/02/2026

AA

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, предупреди дека возачите повеќе нема да можат да се правдаат дека влегле на зелено светло ако со тоа ја блокираат раскрсницата. Според новите правила, секој возач мора сам да процени дали има доволно простор за да ја помине крстосницата без да го отежни или запре сообраќајот.

„Ако возачот влезе во крстосница на зелено, но остане заглавен поради метеж, тоа ќе се смета за прекршок – не како минување на црвено светло, туку како забавување на сообраќајот во крстосница, со казна од околу 45 евра“, објасни Тошковски во гостување на ТВ21.

Тој појасни дека во тест-периодот камерите некогаш ги евидентирале возачите како да поминале на црвено, иако тие влегле на зелено, но останале блокирани во средината на раскрсницата. Со новите правила, ваквите ситуации ќе се третираат како „угушување“ на крстосницата, а не како прекршок за минување на црвено.

Клучната обврска останува на возачот – пред да тргне на зелено светло, мора да процени дали пред него има доволно простор за непречено поминување. Ако не постои простор, должен е да застане и да почека наместо да го блокира сообраќајот.

Покрај новите правила, министерот најави и воведување на паметен „зелен бран“ во Скопје. Станува збор за систем за координација на семафорите на булеварите со цел да се зголеми проточноста на возилата, при што се очекува движењето да се забрза за околу 30 проценти.

Системот ќе опфати сите главни булевари во градот, а надлежните нагласуваат дека анализите покажуваат дека традиционалните тајмери на семафорите често создаваат повеќе проблеми отколку корист.

Со новите мерки и технолошки решенија, вниманието е насочено на личната одговорност на возачите и на обезбедување непречен проток на сообраќајот, со цел да се спречат застои предизвикани од погрешна проценка при зелено светло.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Утре снег и засилен ветер од северен правец

20/02/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ИНИЦИРАШЕ СРЕДБА СО НОВАТА КОЛЕШКА ОД БУГАРИЈА „Ѝ посакав

20/02/2026
Македонија

ЦУК: Се излеа Сива Река во близина на локалитетот Хераклеа

20/02/2026
Македонија

ФОТО Вода тече во училниците во битолското основно училиште Гоце

20/02/2026
Македонија

Мицкоски: Постои сценарио Македонија да влезе во ЕУ на почетокот

20/02/2026
Македонија

Дојава за бомба во Гимназијата во Тетово, учениците се евакуираат

20/02/2026
Македонија

ЛЕКАРИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА РАБОТАТ ДО 70-ГОДИШНА ВОЗРАСТ Ќе се

20/02/2026
Македонија

„Не е прашање како дрогата излегла од Македонија, туку како

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41696
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Утре снег и засилен ветер од северен правец

20/02/2026

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југозападен

МУЦУНСКИ ИНИЦИРАШЕ СРЕДБА СО НОВАТА КОЛЕШКА ОД БУГАРИЈА „Ѝ посакав на Надежда Нејнски успех, добрососедство

20/02/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна тргвија Тимчо Муцунски на Фејсбук објави дека денеска телефонски разговарал со новоименуваната шефица на

ЦУК: Се излеа Сива Река во близина на локалитетот Хераклеа

20/02/2026

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека поради врнежите од дожд и снег во изминатите 24 часа, на повеќе

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy