
Полска испорача борбени авиони на Киев: „испратени неколку МиГ-29“
Полска испорача неколку борбени авиони МиГ-29 на Украина, изјави шефот на меѓународното политичко биро на кабинетот на полскиот претседател, Марцин Пжидац.
– Колку што знам, веќе се испратени неколку „МиГ-29“ (борбени авиони) – изјави Пжидач за радио станицата „РМФ ФМ“.
Тој најави дека украинскиот претседател Владимир Зеленски планира да ја посети Полска во среда, на 5 април, на покана на полскиот претседател Анджеј Дуда. Пжидач додаде дека за време на посетата Зеленски најпрво ќе се сретне со Дуда.