Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Половина од годишниот буџет може да заврши како отштета кон рударски компании
Македонија

Половина од годишниот буџет може да заврши како отштета кон рударски компании

12/07/2023

AA

Голем дел од тужбите кон државата кои се наоѓаат во постапка пред меѓународна арбитража и чија потенцијална отштета изнесува над 1,3 милијарди евра се поради непочитување на обврски од концесии во рударскиот и преработувачкиот сектор, покажува анализата на отворените арбитражни постапки.

Меѓу нив, е постапката покрената од инвеститорите во одземената концесија за експлоатација на минерална суровина бакар, злато и сребро на локацијата Казандол во општина Валандово. Концесијата за експлоатација на минерални суровини и беше доделена на компанијата Сардич МЦ. Но, Владата го раскина Договорот со Сардич кога рудникот Казандол беше при крај со изградбата. Компанијата најави дека ќе бара отштета од 380 милиони евра.

Арбитражна постапка покрена и словенечкиот бизнисмен со македонско потекло, Блажо Тасев, за нефер и третман во постапката за продажба на рудникот за олово и цинк ‘Саса’ од Македонска Каменица во 2004 година. Откако го загубил спорот пред судовите во Македонија, тој покрена инвестициска арбитража, а за отштета бара 492 милиони евра.

Арбитражна постапка беше покрената и од индиските државјани Гокул Бинани и Маду Бинани, сопственици на компанијата „Индоминерали“, за поведена стечајна постапка и одземена концесија на рудниците за олово и цинк „Злетово и Тораница“, во 2015 година. Сепак, како што неодамна брифираше вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, државата во овој случај е уверена во позитивен исход.

Од она што е познато и „Еуромакс ресоурсес“, кој е инвеститор во рудник за бакар во Иловица, води правна битка, но пред домашните институции. Спорот настана по едностраниот раскин од страна на Владата на договорот за концесија за експлоатација. Од фирмата инвеститор истакнаа дека доколку правдата не биде задоволена кај нас и тие ќе покренат спор во меѓународна арбитража.

Доколку и оваа компанија ја оствари најавата за покренување меѓународна арбитража, на државата и се заканува сума од над 2,5 милијарди евра за отштети кон приватни компании. Оваа сума е безмалку половина од актуелниот годишен буџет, кој изнесува 5,3 милијарди евра. Ревизорите веќе порачаа да се обрне внимание поради импликациите врз буџетот од страна на судските пресуди во меѓународна арбитража. Според математиките, ако државата ги загуби споровите секој македонски државјанин ќе биде задолжен за скоро 2.000 евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Бројот на нови случаи на грип се намалува 

14/02/2026
Македонија

Уапсен 25 годишен маж, физички нападнал и со перница задушил

14/02/2026
Македонија

Што купуваме помалку отколку пред 5 години – а што

14/02/2026
Македонија

Колку навистина чини еден просечен викенд за македонско семејство?

14/02/2026
Македонија

НЕМА СКАНДАЛ БЕЗ ЗАЕВ И БЕЗ ФИЛИПЧЕ Реакција на ВМРО-ДПМНЕ

14/02/2026
Македонија

Станови од „злато“ – рекордни цени и бум на пазарот

14/02/2026
Македонија

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен

14/02/2026
Македонија

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41446
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Бројот на нови случаи на грип се намалува 

14/02/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави дека бројот на нови случаи на грип и заболувања слични на грип во периодот

Уапсен 25 годишен маж, физички нападнал и со перница задушил 78 годишна жена од Челопек!

14/02/2026

На 13.02.2026 во 19:30 часот во с.Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане гo лишиле од

Што купуваме помалку отколку пред 5 години – а што целосно исчезна од кошничката?

14/02/2026

Промените во цените, инфлацијата и навиките на потрошувачите значително ја трансформираа семејната потрошувачка во последните пет години. Анализата на движењата

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy