Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Половина година трае повикот за доградба на автопатот Скопје – Блаце
Економија

Половина година трае повикот за доградба на автопатот Скопје – Блаце

21/12/2023

AA

Повикот за интерес на изведувачи кои ќе ја градат втората фаза од 10,5 километри од автопатот Скопје – Блаце ќе трае најмалку половина година. Јавното претпријатиуе „Државни патишта“ го објави на 13 јули, а рокот за пријавување, како последно, е поместен за 10 јануари 2024.

Од „Државни патишта“ не одговараат дали досега се пријавиле воопшто одредени компании, а од она што го велат за „Фактор“ е тоа дека поместувањата на роковите се на иницијатива на финансиерот – Европската банка за обнова и развој.

„Рокот е продолжен по барање на ЕБОР согласно со нивните потреби. ЈПДП е согласно и мора да ги спроведе во целост нивните барања“, гласи одговорот кој го добивме од јавното претпријатие. На прашањето кога ќе биде избрана и објавена најдобрата понуда, од таму единствено одговорија „Во најбрз можен рок“.

Повикот првично беше отворен до 21 август годинава, а потоа неколку пати се продолжуваше. Објавата е достапна на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој, од која за проектот е обезбеден заем во износ од 167 милиони евра, а 20,8 милиони евра грант се на располагање преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Автопатот Скопје-Блаце е во вкупна должина од 12,5 километри, а од мај 2020 година на терен се одвиваат активности за првата фаза, во должина од 2,5 километри и требаше да биде готов до август 2021 година и да чини 17 милиони евра. Бидејќи работите не беа завршени, во јануари 2023 година беше потпишан нов договор со скопски „Гранит“, за завршување на изградбата, вреден 11 милиони евра и краен рок до почетокот на 2026 година.

Токму за бавната реализација на првата фаза, познавачите коментираа дека, како што се движат работите, два километри автопат ќе чини вкупно 28 милиони евра, а можеби и повеќе. 

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Петрушевски: Време е за одговорност, Груби ќе се соочи со

23/02/2026
Македонија

МНР со апел до македонските државјани: Веднаш напуштете го Мексико!

23/02/2026
Македонија

Кривична пријава против поранешен директор на ЈЗУ Здравствен дом Куманово,

23/02/2026
Македонија

АРТАН ГРУБИ Е „ЦРНАТА КУТИЈА НА ДУИ“ Kој ќе оди

23/02/2026
Македонија

СДСМ за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски, на

23/02/2026
Македонија

СОНЧЕВА НЕДЕЛА ПРЕД НАС: Пролетта подрани, температурите до 15 степени

23/02/2026
Македонија

„СЕ ЧУВСТВУВАМ НЕБЕЗБЕДНО“: Груби сместен во ќелија со 24-часовно обезбедување

23/02/2026
Македонија

Уапсен Србин на автопатот Гевгелија-Скопје: Пренесувал мигранти од Египет и

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41803
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Петрушевски: Време е за одговорност, Груби ќе се соочи со правдата за сторениот милионски криминал

23/02/2026

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес коференција истакна дека правдата го добива своето место. „По година и пол

МНР со апел до македонските државјани: Веднаш напуштете го Мексико!

23/02/2026

Македонското Министерство за надворешни работи и трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територија на Мексико, веднаш да

Кривична пријава против поранешен директор на ЈЗУ Здравствен дом Куманово, си склучувал незаконски договори и

23/02/2026

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А.(43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy