Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЛИТИЧКИ Е ИДЕАЛНО СЕГА ДА СЕ ОДРЖАТ ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, АМА НЕ Е ДРЖАВНИЧКИ Ќе застанат многу важни проекти, вели Алиу
Македонија

ПОЛИТИЧКИ Е ИДЕАЛНО СЕГА ДА СЕ ОДРЖАТ ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, АМА НЕ Е ДРЖАВНИЧКИ Ќе застанат многу важни проекти, вели Алиу

17/11/2025

AA

Азир Алиу ги претстави клучните успеси во здравството по повод една година од работата на Владата.

Дали Вреди ќе добие еден член повеќе или ќе остане со шестмина во Владата е дел од преговорите меѓу владините партнери, а одлуката за ротација на ресори зависи од лидерите на политичките партии, вели министерот за здравство Азир Алиу.

Прашан можно ли е Беким Сали да биде нов ресорен министер, на пример, за европски прашања, на местото на Орхан Муртезани, и од таа позиција евентуално да биде вицепремиер, или можеби некој друг од министрите на Вреди ќе биде вицепремиер, Алиу упатува на договорот за владината и внатрешната структура во Вреди, според кој ресорот европски прашања ѝ припаѓа на Алтернатива.

– Освен договор во којшто е креирана таа владина структура, исто така ние и имаме и договор, бидејќи Вреди е, нели, составена од 4 политички партии и внатре, исто така, е поделена структура на политички позиции, директорски, заменик-министри и така натаму. И ценам дека имајќи ги предвид внатрешните структури, поделбата внатре во самата Вреди, исто така имајќи го предвид тој договор што го имаме со ВМРО-ДПМНЕ за креирање на Владата, веќе година и пол активна, ценам дека ќе се најде начин како тоа да се реорганизира. Таа позиција е позиција на Алтернатива, така што тие внатре ќе треба да се организираат за реорганизација или ротација од еден на друг, на друга позиција на колегите што се дел од од Владата – рече Алиу во емисијата „360 степени“.

Разговорите, дополни тој, се во тек.

– За два-три дена, максимум четири, ќе имаме резултати и ќе видиме која структура ќе ја имаме после локалните избори – рече Алиу.

Тој рече дека Недим Рама или Мухамед Хоџа можат да бидат нови министри, како кадар од структурата на Изет Меџити.

– Тоа зависи од нив кој ќе одлучат. Се спомнуваат и двајцата. Сепак, не би било добро јас да давам такви информации, коишто верувам дека сè уште не се конечни како имиња, да не прејудицираме – рече Алиу, одговарајќи потврдно дека еден од двајцата споменати ќе биде министер за животна средина.

Тој лично очекува да ја задржи неговата позиција во Владата, но не ја отфрла можноста да предводи и трет ресор во иднина, со оглед на тоа што претходно беше министер за информатичко општество и администрација.

– Мојата позиција во Владата, но и како човек, мојот пристап е да се работи и да бидам активен и да ги реализирам сите активности коишто ни се предвидени за 2025 година, бидејќи јас сум свесен за оваа политичка позиција која ја гледам како позиција којашто ти е дадена да може да ги реализираш целите на таа институција. И верувајте дека јас од таа позиција се носам и се водам секој ден. Сепак, овие не се позиции за коишто аплицирате на некој отворен повик, полагате тест и сте најдобриот во системот за да бидете министер за некој ресор. Во овој случај за ресорот Министерство за здравство. Така што, не патам, ниту се грижам, ниту трошам енергија. Како што кажав, реорганизација на Владата се прави од политички аспект и од функционален аспект и ценам дека сега засега таа позиција е позиција на Алијанса за Албанците – вели Алиу.

Во врска со можност за предвремени парламентарни избори, Алиу оценува дека зависи од кој аспект се гледа на прашањето, од политички или државнички.

– Политички гледано тоа сега е идеално да се направи, поради тоа што и Вреди и ВМРО-ДПМНЕ се победници на овие локални избори, но државнички гледано, тоа мислам дека не е во ред, поради динамиката на работа што ја имаме сите институции. Еве, Министерството за здравство, на пример, во моментот во тек ни е 205 милиони евра за инфраструктурни инвестиции во здравството, во Кичево, во Тетово и во Штип. И ценам дека сите тие процеси би се одлагале минимум за шест месеци, а притоа плус три-четири месеци додека, нели, креирате нова политичка агенда, додека креирате акциски планови на ниво на министерство. И ценам дека државнички гледано освен економскиот момент, трошоци, мислам дека и тој момент на реализација на програмата, би било залудно да имаме предвремени избори – рече Алиу.

На прашањето дали би било прифатливо како аргумент одржување на парламентарни избори за потоа да се влезе во уставни измени, Алиу рече „ако се работи за процеси кои што придонесуваат кон државата, дали се тие економски или политички, дефинитивно, да“.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам –

24/08/2026
Македонија

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги

24/08/2026
Македонија

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците

24/08/2026
Македонија

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45228
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам – постојано се појавуваат нови жаришта

24/08/2026

Пожарот на планината Китка веќе десетина дена создава сериозна опасност за шумските предели и населените места во околината, а според

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги уништи земјоделските насади

24/08/2026

Град и силно невреме проследено со интензивен град со големина на орев го зафати селото Дебреште. Според сведоштвата и фотографиите

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците упорно го палат

24/08/2026

Пожарот на планината Китка, кој е најкомплексен за гасење во земјава, повторно е активен откако бил намерно подметнат од страна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy