
Полициска акција во Валандовско: Запленет еден тон марихуана!
Голема полициска операција е спроведена во складиштето на фирмата „Грин лајф“ во селото Јосифово, каде е запленет еден тон марихуана, јавува МИА.
Оваа акција доаѓа непосредно откако Министерството за здравство официјално ја одзеде лиценцата за работа на оваа компанија, како дел од пошироката контрола на пазарот со канабис за медицински цели.
Претресот бил извршен од страна на полициски службеници од Струмица и Валандово, по налог на Основното јавно обвинителство Гевгелија. Иако фирмата „Грин лајф“ била регистрирана за одгледување зачински, ароматични и лековити растенија, инспекциите утврдиле сериозни недоследности во нејзиното работење.
Министерот за здравство, Азир Алиу, потврди дека вкупно шест компании останале без дозволи за работа поради бројни неправилности. Покрај „Грин лајф“, лиценците им се одземени и на:
Оваа операција е само дел од масовните контроли кои Владата ги наложи во сите 43 компании со лиценци за медицински канабис. Акциите беа интензивирани по неодамнешната заплена на над 40 тони марихуана, со цел целосно сузбивање на илегалната трговија и злоупотребите во овој сектор.
