Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Полицијата заплени дрога вредна 6 милиони евра од две фабрики за производство на канабис за медицински цели
Магазин

Полицијата заплени дрога вредна 6 милиони евра од две фабрики за производство на канабис за медицински цели

14/04/2023

AA

 Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога, денеска запленија голема количина на марихуана од две фабрики за производство на канабис за медицински цели, во две координирани акции што беа спроведени заедно со полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци и ОВР Неготино, како и со СВР Битола.  

-По претходно преземени мерки и активности и обезбедени докази дека правните лица постапувале спротивно на одредбите од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци,  односно во правните субјекти одгледувале растенија канабис спротивно на законот, со цел понатамошна продажба на дрогата, биле обезбедени наредби за претрес од Основен суд Кавадарци и Основен суд Битола. По претходно извршени контроли на полициски службеници заедно со претставници од Комисијата за оценување на исполнетост на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели од правен субјект во Кавадаречко, била одземена марихуана во вкупна количина од еден тон, 570 килограми и 135 грама, и тоа како финално обработен и необработен сув цвет од канабис, биомаса од канабис, суви листови и суви гранки од канабис, информира Сузана Прањиќ Талевска од МВР.  

При контролата, како што кажа, биле констатирани неправилности при работењето, односно во сеф собата бил  пронајден сув цвет од канабис кој не бил означен и спакуван согласно законските прописи, а во останатите простории била пронајдена непријавена сува маса од канабис за кое правното лице не доставило известување до Комисијата при Министерство за здравство.  

-Не била пријавена ни количината на финален сув производ, а во целиот процес на одгледување се постапувало незаконски, бидејќи иако имале законска обврска да ја известат Комисијата, тоа не го правеле за да можат произведената дрога марихуана да ја пуштат во продажба на црниот пазар, чија вредност изнесува околу шест милиони евра и на тој начин да се стекнат со противправна имотна корист, рече Прањиќ Талевска. 

Нагласи дека од правно лице со седиште во Битолско, биле одземени 300 килограми марихуана и 494 растенија канабис.

-Министерството за внатрешни работи поднесе две кривични пријави против сопствениците на правните субјекти, за кои е утврдено дека се државјани на Република Албанија, и тоа од СВР Битола по член 215 од Кривичниот законик и член 95 В од Законот за контрола на опојни дроги, како и од страна на ОВР Кавадарци поднесена е кривична пријава по член 95 В. Министерството за внатрешни работи, во координација со Јавен обвинител, презема понатамошни мерки и активности за утврдување на одговорност и на останати лица инволвирани во незаконска трговија со дрога, посочи Прањиќ Талевска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ: Време е за правда – Груевски на издржување казна!

13/04/2026
Македонија

АМБАСАДОРКАТА НА ИЗРАЕЛ ГИ ПОЗДРАВИ НАПОРИТЕ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА СТОРИТЕЛИТЕ

13/04/2026
Македонија

АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ОСТРО ГО НАПАДНА СДСМ „Јадна и очајна опозиција,

13/04/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА „Нема место за

13/04/2026
Македонија

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени

13/04/2026
Македонија

ДЕЦАТА ДОБИЛЕ РАСЕКОТИНИ ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА ГО СПРЕЧАТ ТАТКА СИ

13/04/2026
Македонија

14 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден

13/04/2026
Македонија

Мажи од демиркаписко со закани од пиштол и нож насилно

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42433
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ: Време е за правда – Груевски на издржување казна!

13/04/2026

СДСМ попладнево ја поздрави јасната и недвосмислена порака на Петер Маѓар од денешната прес-конференција.  „Новата унгарска власт повеќе нема да

АМБАСАДОРКАТА НА ИЗРАЕЛ ГИ ПОЗДРАВИ НАПОРИТЕ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА СТОРИТЕЛИТЕ Брзата акција е важна за

13/04/2026

Израелската амбасадорка во земјава Вивиан Аисен ги поздрави „решителните акции на македонските власти за истрага и повикување на одговорност на

АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ОСТРО ГО НАПАДНА СДСМ „Јадна и очајна опозиција, Груевски ви е промашена тема“

13/04/2026

  Познатиот скопски адвокат Владимир Туфегџиќ предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, откако преку Фејсбук објава жестоко ја критикуваше македонската

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy