
ПОЛИЦАЕЦ ВО БЕЛГРАД СИ ГО ЗАСТРЕЛАЛ СИНЧЕТО, А ПОТОА СЕ САМОУБИЛ: Полицијата пронашла проштално писмо до бесмртните тела
Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи
синоќа во стан на Баново брдо во Белград ги пронашле безживотните тела на
полицаецот Д.Ј.(42) и неговиот деветгодишен син.
Како што пренесува nova.rs, во соопштението на МВР на
Србија, се наведува дека покрај безживотните
тела било пронајдено
проштално писмо.
Полицијата се сомнева дека се работи за убиство и
самоубиство. МВР на Србија продолжува
да работи на утврдување на сите околности и факти за овој трагичен настан.
ФОТО: МИА