Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЛЕСНО ДО ОХРИД ЗА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид ќе бидат пуштени до 10 јули
Економија

ПОЛЕСНО ДО ОХРИД ЗА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид ќе бидат пуштени до 10 јули

18/06/2025

AA

Се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули, а до крајот на месецов и експресната делница Дреново-Фариш, најави вчера премиерот Христијан Мицкоски.

Во одговор на новинарско прашање  при посета на Битола Мицкоски рече дека реализацијата на четирите автопати во изградба (Кичево-Охрид, Гостивар-Букојчани, Гостивар-Тетово и Прилеп Битола) во должина од 150 километри, во првите четири месеци од годинава споредено со минатата година е четирипати поголема, истакнувајќи дека очекува да биде осумпати поголема во вториот и во третиот квартал.

– Во делот на автопатот Кичево-Охрид очекувам на почетокот на јули, ќе доциме две недели од она што го кажавме пред една годинаа, можеби можевме да го завршиме порано 10-ина дена. Таму секој ден на терен се и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и министерот за да ја стигнеме динамиката некаде до 10 јули да биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид со исклучок на делот кај Ботун, четири-пет километри каде има свлечиште кое треба да се санира. Значи, ќе бидат ставени во функција 40-ина километри. Исто така, тука имаме доценења во делот на проектирањето на свлечиштата што треба да се санираат, но мислам дека успеавме да ги мотивираме компаниите да го фатат рокот и патот целосно да го пуштиме до крајот на 2026, почетокот на 2027 година, изјави Мицкоски.

На автопатот Прилеп-Битола најави дека до крајот на месецов ќе бидат завршени имотно-правните работи на над 80 проценти од трасата, a заокружени се истрагите поврзани со пронаѓање на експлозивни направи. – Важно е што се следи, рокот се забрза за разлика од состојбата од пред една година кога беше до никаде, сега веќе е отворен фронт од 20-ина километри. Се работи и ќе биде испочитуван рокот кој е дел од Договорот, рече Мицкоски. 

Според него, отворен е поголем фронт за работа и на автопатот Гостивар-Букојчани, каде веќе се готови носачите од Гостивар кон Стража, а во најголем дел е пробиена трасата. Работите одат во една солидна динамика, а надмината е пречката со ноѓалиштата од античко време, така што, додаде, очекувам и тука да имаме исклучително голема рализација. -Во првите четири месеци од годинава реализацијата на автопатите споредено со минатата година е четирипати поголема, а очекувам да биде осумпати поголема во вториот и во третиот квартал, посочи премиерот Мицкоски. 

Во фаза на претквалификација е патот Букојчани-Кичево и тука, дополни, го задвиживме процесот, отворен е поголем фронт за работа на Тетово-Гостивар, некои 10-ина, 15 километри, и имотно-правно и трасирањето.

Како што најави Мицкоски, се очекува до крајот на месецов да биде пуштена делницата Дреново-Фариш на  експресниот пат Градско-Прилеп откако е решена состојбата со карпата  и се расчистува патот.

Премиерот најавува и дека во општините ќе има нови 1200 градилишта со инфраструктурните пректи од двата повика на Владата. 

– Кога сето ова ќе се спореди со летаргијата што фукционираше изминатите години – Битно е да крадеме, а не да градиме,  тогаш мислам дека се чувствува разликата и поместувањето во позитивна насока, изјави Мицкоски.

При вонредниот надзор  на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, на 14 и 15 месецов над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид  било констатирано дека градежните работи се одвиваат со силен интензитет, согласно новиот динамички план за изградба на автопатот. Исто така било утврдено дека наследените проблеми со експропријацијата, дислокација на водовите како и косините се решаваат во континуитет согласно планираната динамика.

Според  ЈПДП, забрзано тече изградбата на пристапните патишта од: Врбјани до Сливово, Сливово-Арбиново, Арбиново-Издеглавје, Издеглавје-Песочани, Песочани-Ново Село, Ново Село-Ботун, како и изградбата на пристапни патишта до село Горенци и село Оровник. – Се изведува последната фаза пред асфалтирање и градежни активности на клучките Арбиново и Издеглавје, се поставува жичана ограда и еластична ограда, а кај Климештани е завршена десната страна и пуштена под времен режим на сообраќај и сега започнуваат активности на лева страна од главната траса. Започната е првата фаза на клучка Требеништа, а интензивно се работи од Подмоље до х. Амасадор на изградба на столбови за натпатник, изградба на потпорен ѕид, како и на изградба на фекална и атмосферска мрежа. Се работи и на натпатникот кај Св. Еразмо, но и на левата страна од Подмоље до Охрид каде се поставува еластична ограда во средишниот дел, а се вршат и припремни работи за асфалтирање на десната страна од главна траса, изјавија за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта.

Извештајот од надзорот за прогрес на работите за автопатските делници на коридорите 8 и 10д што ги гради конзорциумот „Бехтел“ и Енка“ за периодот од 1 до 30 април годинава покажува дека се завршени 95 проценти од проекциите за експропријација за автопатската делница Тетово-Гостивар, 46 проценти за Гостивар-Букојчани,  а 78 проценти за делницата Прилеп-Битола. За делницата Букојчани-Гостивар се реализирани 73 проценти од геотехничките истражувања, а за Прилеп-Битола 63 проценти. Надзорот регистрира напредок  од 60 проценти на работите за спецификација и проектирање на автопатот Тетово-Гостивар,  од 30 проценти за Букојчани-Гостивар,  а од 49 проценти за Прилеп-Битола.

Од градежните активности на трите делници (Тетово- Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола) се земјани работи на главна траса, изградба на пропусти, армирање и бетонирање на мостови, регулирање на времени сообраќајни режими, се вршат ископи и се изведува заштита на косини. 

На „Бехтел и Енка“ досега се исплатени вкупно 301.088.222,79  евра. Во април годинава, според Извештајот на надзоорт, имало две исплати од државата преку ЈПДП, од  599.794.350 денари, на 22-ри, и од 524.972.228 денари на 30-ти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скопјанец украл бакарни кабли во вредност од 200.000 евра наменети

11/02/2026
Македонија

Алиу на состанок со странските експерти: Очекувам да дадат независен

11/02/2026
Македонија

Андоновски смета дека забраната за социјални мрежи кај најмладите е

11/02/2026
Македонија

ПОТРЕБНА Е КОМПЛЕТНА РЕВИЗИЈА НА ПРЕДМЕТИТЕ ШТО ГИ РАБОТЕШЕ СЈО

11/02/2026
Македонија

Брисел одлучува за престојот на возачите – Македонец казнет во

11/02/2026
Македонија

СВР Битола со засилена борба против трговијата со дрога: 324

11/02/2026
Македонија

Казнето уште едно градилиште во Аеродром – камионите се вклучувале

11/02/2026
Македонија

ОД ГРАЃАНИТЕ ЗЕМАЛ ПАРИ ЗА ПАСОШИ ВО КЕШ И СИ

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41336
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Скопјанец украл бакарни кабли во вредност од 200.000 евра наменети за подземниот булевар во Центар

11/02/2026

На 10.02.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека од објект во изградба на подрачјето на Центар, односно

Алиу на состанок со странските експерти: Очекувам да дадат независен увид дали постојат пропусти!

11/02/2026

Денес се одржа онлајн состанок меѓу интерната и странската експертска комисија ангажирана од Министерството за здравство, во рамки на процесот

Андоновски смета дека забраната за социјални мрежи кај најмладите е премногу радикален чекор!

11/02/2026

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски смета дека забраната на социјални мрежи за најмладите е премногу радикален чекор. По новинарско

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy