Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поднесено обвинение за повеќе кривични дела сторени преку интернет портал, оформен и нов предмет
Македонија

Поднесено обвинение за повеќе кривични дела сторени преку интернет портал, оформен и нов предмет

17/02/2023

AA

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице, кое се товари дека преку веб портал во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ, едно кривично дело – Уцена од чл.259 ст.1 в.в.чл.19 од КЗ, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело од чл.157-б ст.2 вв ст.1 од  КЗ и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ.

Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост.


Така, во периодот од 10.01.2023 година до 02.02.2023, обвинетиот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, му се заканувал на еден оштетен дека ќе открие нешто што може да му наштети на неговиот углед и чест. Преку социјална мрежа обвинетиот го контактирал оштетениот и го повикал на средба за да го уценува дека на веб порталот ќе објави приватни фотографии и информации за него доколку не му исплати парични средства. Откако оштетениот одбил средба, на интернет порталот биле објавени повеќе текстови за него, со кои обвинетиот наштетил на угледот и честа на оштетениот. На тој начин обвинетиот се обидел да стори кривично дело – Уцена.

Oд почетокот на февруари 2022 година, без одобрение на овластениот дистрибутер на кој филмскиот продуцент му го пренел своето право на аудиовизуелно дело, обвинетиот на веб порталот ставил на располагање на јавноста заштитено аудиовизуелно дело, овозможувајќи негово неограничено јавно прикажување. Со тоа предизвикал штета за оштетеното правно лице – телевизија, кое согласно Договор за лиценцирање на телевизиска програма имало ексклузивни авторски права да ја емитува содржината. Притоа обвинетиот сторил кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело.


Преку веб порталот во сопственост на обвинетиот биле објавувани серија текстови со кои во повеќе наврати се шири омраза и нетрпеливост кон двајца пријавители – свештеници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Во објавените текстови, обвинетиот изнел директни тврдења дека споменатите свештеници биле поврзани со домашни и странски тајни служби, со цел да се предизвика револт и омраза кон нив, но и раздор во верската заедница. Во текстовите се упатуваат и заканувачки зборови со кои се поттикнува народот да дојде да ги избрка свештениците од манастирот во кој служат. Текстовите обвинетиот ги споделувал и на својот профил на социјална мрежа каде поттикнал жестоки полемики, навредувачки коментари и говор на омраза поради верски убедувања, со што сторил кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Основното јавно обвинителство Скопје постапуваше и обезбеди докази и по поднесена кривична пријава од две новинарки, кои пријавиле дека на веб порталот од почетокот на 2022 година се објавуваат навредливи текстови со нивни фотографии, а чија крајна цел е тие да се заплашат и да се спречат да објавуваат текстови во неделникот во кој работат. Во текот на постапката, жртвите дадоа свои искази пред надлежниот јавен обвинител во кои ги поткрепија своите сомненија дека позадината на објавите на веб порталот е да им се изврши притисок и цензура. Во текстовите обвинетиот директно промовирал омраза и врз основа етничка припадност. Со тоа обвинетиот се товари дека сторил уште едно кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.


Во наведениот период додека во обвинителството се водеше постапката против обвинетиот, тој искористил лично познанство со лице ангажирано како истражител во Основното јавно обвинителство Скопје, па преку вибер комуникација се обидел од неа неовластено да дознае информации за преземени истражни дејствија во повеќе кривично-правни предмети, вклучувајќи го и предметот против него. Обидувајќи се да влијае врз постапката против него, од приватната комуникација со истражителката, без согласност искористил и објавил лични податоци и фотографии на четворица истражители во ОЈО Скопје, па затоа обвинетиот се товари и за кривично дело – Злоупотреба на лични податоци.

Со оглед на тоа што се уште постојат основите заради кои претходно беше определен притворот, особено имајќи го предвид начинот на извршување на делата и потребата да се заштитат жртвите, кои во подолг временски период биле подложени на изразен говор на омраза и закани преку интернет порталот, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на притворската мерка.

Со наредба обезбедена од надлежен суд, беше извршен претрес во домот на обвинетиот бидејќи постоеше сомнение дека кај него можат да бидат пронајдени докази и за други кривични дела. При претресот, кај него беше откриена документација, електронски уреди и поголема сума парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од други кривични дела. За ова е оформен уште еден предмет во Основното јавно обвинителство Скопје по кој интензивно се постапува, а вештачењата на пронајдените предмети и документи се во тек. Во рамките на тој предмет се вршат проверки и по кривични пријави поднесени од други лица, кои во меѓувреме пријавуваат во обвинителството дека биле жртви на истиот веб портал.​


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ОСТРО ГО НАПАДНА СДСМ „Јадна и очајна опозиција,

13/04/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА „Нема место за

13/04/2026
Македонија

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени

13/04/2026
Македонија

ДЕЦАТА ДОБИЛЕ РАСЕКОТИНИ ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА ГО СПРЕЧАТ ТАТКА СИ

13/04/2026
Македонија

14 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден

13/04/2026
Македонија

Мажи од демиркаписко со закани од пиштол и нож насилно

13/04/2026
Македонија

Малолетник удрен од возило во с. Балиндол, возачот избегал!

13/04/2026
Македонија

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42431
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ОСТРО ГО НАПАДНА СДСМ „Јадна и очајна опозиција, Груевски ви е промашена тема“

13/04/2026

  Познатиот скопски адвокат Владимир Туфегџиќ предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, откако преку Фејсбук објава жестоко ја критикуваше македонската

МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА „Нема место за вакви дела во Македонија“

13/04/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го осуди обидот за опожарување на зградата на Еврејската заедница и

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени седум настани!

13/04/2026

На 12.04.2026 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy