Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поднесена кривична пријава против поранешниот директор на „Комуналец“ Струмица
Македонија

Поднесена кривична пријава против поранешниот директор на „Комуналец“ Струмица

01/10/2025

AA

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица – поранешен директор на Јавното претпријатие за комунални дејности Комуналец Струмица, против јавното претпријатие, против Г.Б.(52) од Струмица и против правно лице од Струмица поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244-А во врска со член 22 од Кривичниот законик. Имено, јавното претпријатие, застапувано од З.Г. и правно лице, застапувано од Г.Б., со заеднички дејствија изградиле објект од втора категорија, кој се користел како деловен објект, без притоа да биде издадено соодветно одобрение за градење од општина Струмица.

СВР Струмица поднесена кривична пријава поранешниот директор на ЈКПД „Комуналец“ и поради постоење на основи за сомнение за сторени две кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Во првиот случај, пријавениот З.Г. склучувал договори за закуп на простор пред објект – настрешница со правно лице од Струмица, која била бесправно изградена на зелена површина. Притоа, договорите биле склучувани со непосредна спогодба иако станува збор за користење на простор за кој согласно Законот за комуналните такси е потребно општината да издаде согласност и да наплатува комунална такса согласно тарифата. На тој начин е нанесена штета на буџетот на општина Струмица и била остварена финансиска односно имотна корист за ЈПКД „Комуналец“ Струмица во вкупен износ од 847.126 денари.

Во вториот случај, пријавениот ја злоупотребил службената положба на тој начин што во периодот од 2020 до 2023 година од истото правно лице вршел набавка на храна и угостителски услуги без да биде спроведена соодветна постапка за јавна набавка согласно Законот за јавни набавки со изговор дека храната била набавена за работници кои работеле прекувремено. Меѓутоа, во фактурите нема подетално објаснување за тоа што е набавено, односно во прилог на фактурите нема поткрепувачка документација од која може да се утврди кои лица користеле оброк, ниту пак дали работеле ноќе или прекувремено, а јавното претпријатие немало план за организирање на работа во смени. Со ваквите дејствија била причинета штета на јавното претпријатие во вкупен износ од 307.800 денари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy