
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Според најновите податоци од УХМР, во следните денови под влијание на циклонска активност ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.
Најобилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, а на повисоките планини дождот ќе преминува во снег. Од среда се предвидува и промена на правецот на ветерот, кој ќе дува од север.
УХМР апелира до граѓаните да бидат внимателни, особено на планинските предели каде се очекува снежна покривка.
