Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почнува изплатата на финансиска помош за семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани – стабилна состојбата на повредените, 5 се критично!
Македонија

Почнува изплатата на финансиска помош за семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани – стабилна состојбата на повредените, 5 се критично!

24/03/2025

AA

Денеска почнува исплатата на финансиската поддршка од собраните донации на семејствата на загинатите и повредените, во износ од по 150 000 денари.

Досега се собрани околу 51.822.579 денари преку Црвениот крст од каде треба да ги соопштат преземаните активности и начинот на исплатата. 

Во критична состојба се 5 пациенти од вкупно 115 лица кои се на лекување во странство.

Министерот за здравство Арбен Таравари најави протокол според кој се очекува в среда или четврток да бидат пречекани првите пет пациенти кои што се лекуваат надвор од државата. 

Според последните информации од Министерството за здравство, во критична состојба се пет од вкупно 115 лица кои се на лекување во странство, а според министерот Арбен Таравари, подготвен е протокол според кој се очекува в среда или четврток да бидат пречекани првите пет пациенти кои што се лекуваат надвор од државата. 

Во Македонија пациентите кои се лекуваа се во стабилна и добра состојба, а се планира неколку да бидат испишани, откако ќе им бидат направени сите токсиколошки и психолошки испитувања.

Во тек е и активна истрага за пожарот. Осомничени се вкупно 34 лица.

Поднесени се две кривични пријави против 34 физички и три правни лица, за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Едно лице е пријавено и за „примање поткуп“ по член 357 од КЗ.

По 30-девниот притвор за седумте полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани, а како што информираа претходно од Основниот суд Кочани таква мерка е  определена за сите 24 лица за кои имаше барање од Основното Јавно обвинителство.

Меѓу 24. лица за кои е одреден притвор се поранешниот министер за економија Крешник Бекштеши, но и тројцата градоначалници на Кочани и тоа градоначалникот во оставка Љупчо Папазов, како и поранешните Ратко Димитровски и Николчо Илијев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА УЧЕСТВУВАШЕ ВО АКЦИЈА ЗА ЗАПЛЕНА НА 300 КГ

05/11/2026
Македонија

ЗАЕВ КРИЕЛ КРИМИНАЛЦИ ПОД ПОТЕРНИЦА ВО ВИЛАТА ВО ГРЦИЈА Со

05/11/2026
Македонија

ДОДЕКА БИЛ БАРАН СО ПОТЕРНИЦА ОД МАКЕДОНИЈА СЕ СРЕЌАВАЛ СО

05/11/2026
Македонија

СДСМ БАРА ОДГОВОРИ А НЕ СЕ МУ СЕ БРЗА СО

05/11/2026
Македонија

ШТОМ ИМ ЗАВРШАТ ФУНКЦИИТЕ ВЕДНАШ ГРАДАТ ЗГРАДИ Манасиевски бара да

05/11/2026
Македонија

ДАЛИ МУСЛИУ ПРИБИРАЛ ПАРИ ОД ЛУЃЕ НА КОИ ИМ ДАВАЛ

05/11/2026
Македонија

НАЈВИСОКИ ОЦЕНИ ОД ЕУ ЗА НАДВОРЕШНАТА, БЕЗБЕДНОСНАТА И ОДБРАНБЕНАТА ПОЛИТИКА

05/11/2026
Македонија

СДСМ И ФИЛИПЧЕ ПРОДОЛЖУВААТ СО СТАРАТА МАТРИЦА НА СЕЕЊЕ СТРАВ

05/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46593
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА УЧЕСТВУВАШЕ ВО АКЦИЈА ЗА ЗАПЛЕНА НА 300 КГ КОКАИН Дрогата била скриена во

05/11/2026

Во акција на МВР со ДЕА, пресретнат е канал со кокаин и запленети се над 300 кг дрога, дознава Плусинфо.

ЗАЕВ КРИЕЛ КРИМИНАЛЦИ ПОД ПОТЕРНИЦА ВО ВИЛАТА ВО ГРЦИЈА Со контроверзните кадри СДСМ ќе остане

05/11/2026

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Актуелниот

ДОДЕКА БИЛ БАРАН СО ПОТЕРНИЦА ОД МАКЕДОНИЈА СЕ СРЕЌАВАЛ СО ЗАЕВ ВО НЕГОВАТА ВИЛА ВО

05/11/2026

Зоран Трифуновски-Жаба, организациски секретар во СДСМ, во „Претрес со Ландов“ потврди дека се сретнал со Зоран Заев во Грција пред

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy