Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почна судењето на полицајците поврзано со пожарот во „Пулс“ – внесувале неточни податоци за константираните неправилности за дискотеката да продолжи со работа
Македонија

Почна судењето на полицајците поврзано со пожарот во „Пулс“ – внесувале неточни податоци за константираните неправилности за дискотеката да продолжи со работа

03/03/2026

AA

Пред Основниот кривичен суд во Скопје денеска започна судска постапка против тројца полициски службеници од Кочани, во предмет поврзан со настани околу работењето на дискотеката „Пулс“.

Обвинителката од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков. Постапката ќе се води по скратена постапка.

Според обвинителниот предлог, во периодот од 07.10.2023 до 07.02.2024 година, инспекторите Богатинов и Лазаров не постапиле согласно анекс-планот за акциска контрола при изготвувањето на записници од извршена контрола. Иако констатирале нарушување на јавниот ред и мир, во документацијата внеле неточни податоци за правниот субјект и одговорното лице поврзано со објектот.

Во однос на Темелков, како командир на Полициската станица Кочани, се наведува дека при одобрување барања за прекршочна постапка во 2024 година потпишал и поднел барања до надлежен суд против правно лице и лице кое, според обвинението, не било одговорно лице на клубот.

Според наводите, при контрола не била побарана лиценца за работа, а со внесување на неточни податоци се овозможило непречено функционирање на објектот. На обвинетите им се става на товар кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Судската постапка е во тек, а следното рочиште е закажано за 18 март. Во меѓувреме, најавени се и одделни судења поврзани со истиот предмет.

ФОТО: СДК.МК

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КОГА ЗБОРУВАТЕ ЗА ТЕНДЕРИ ПОГЛЕДНЕТЕ СЕ ВО ОГЛЕДАЛО! Наврeдите нема

03/03/2026
Македонија

МНР со план за евакуација на македонските државјани од повеќе

03/03/2026
Македонија

Сопругот на починатата Ивана во изминатите две години добил десет

03/03/2026
Македонија

59-годишна жена почина по удар од возило во Злетово

03/03/2026
Македонија

🎥 БИЛО ПРИЈАВЕНО НАСИЛСТВО, ПОЛИЦИЈА ДОШЛА, НО ЖЕНАТА НЕГИРАЛА Министерот

03/03/2026
Македонија

Пред падот од балконот, починатата Ивана негирала дека била тепана

03/03/2026
Македонија

10-годишно дете донесено починато во Клиничката болница Тетово – било

03/03/2026
Македонија

Починатата Ивана во октомври поднела тужба за развод – МСПДМ:

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42174
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КОГА ЗБОРУВАТЕ ЗА ТЕНДЕРИ ПОГЛЕДНЕТЕ СЕ ВО ОГЛЕДАЛО! Наврeдите нема да ви ја сменат реалноста,

03/03/2026

СДСМ повторно се обидува да ја замени политиката со навреди, аргументите со етикети, а вистината со конструкции. Кога немаат одговор

МНР со план за евакуација на македонските државјани од повеќе земји

03/03/2026

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на

Сопругот на починатата Ивана во изминатите две години добил десет кривични пријави за имотни деликти,

03/03/2026

Министерот за внатешни работи, Панче Тошковски на денешната прес-конференција денеска соопшти дека сите околности детално се документираат за вчерашниот трагичен

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy