Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЧНА СЕОЗНАТА НА ПАТУВАЊЕ: Еве каде во регионот е најевтино да се наполни гориво
Економија

ПОЧНА СЕОЗНАТА НА ПАТУВАЊЕ: Еве каде во регионот е најевтино да се наполни гориво

02/06/2023

AA

За оние кои летово планираат да патуваат со автомобил до најблиските плажи во соседството, важна инфомрација за планирање на трошоците за патувањае се цените на бензините и горивата, или поточно колку ќе чини полнењето на резервоарот. 

Анализите кои ги направиле соседите, велат дека најевтино ќе биде ако автомобилите се полнат со гориво во Македонија, каде што дизелот е 1,21 евро или во Босна и Херцеговина, каде литар дизел е 1,245 евра, но сепак треба да се внимава и на патарините.

Луѓето од соседствот најчесто одат на море во Црна Гора и Грција, а последниве години хит дестинации се и Неум во БиХ и повеќе локации во Албанија. Бидејќи летната сезона штотуку започна, потребно е да се направи добар план за полнење гориво, бидејќи тоа е еден од најголемите трошоци од домашниот буџет.

„Блиц.рс“ го советува читателите, ако се упатите кон морето преку Македонија, не двоумете се да точите гориво бидејќи за околу 60 евра ќе можете да наполните полн резервоар со еуродизел, ако се земе предвид дека просечниот капацитет на еден резервоар е 50 литри. 

Исто така, добро ќе поминете и во БиХ бидејќи ќе ви требаат околу две евра повеќе од тоа, односно 60 евра. На овој начин ќе заштедите околу 2.000 динари (1.000 денари) во однос на полнење гориво во Србија.

Бензинот во Босна и Херцеговина е 1,32 евра, а во Северна Македонија околу 1,30 евра. Во Хрватска цената на еуродизелот е 1,24 евра, додека премиум варијантата е околу 1,60 евра, а бензинот 1,32 евра.

Во Црна Гора литар еуродизел е 1,34 евра, а литар еуросупер, односно бензин 1,53 евра.

Според веб-страницата GlobalPetrolPrice, литар бензин во Грција е најскап и е 1,86 евра, а дизелот е 1,55 евра, додека во Албанија дизелот на пумпите се продава по цена од 1,51 евро.

Секоја од овие земји во регионот има свои принципи при објавувањето на новите цени на горивата, но тие најчесто се менуваат на неделно ниво.

Важна ставка на патувањата се патарините. На автопатиштата во Србија од 1 април на сила е нов ценовник за патни такси, кој е повисок за 14 отсто. Возачите на патнички автомобили обично плаќаат 200 динари повеќе, но просечното поскапување е 50 динари.

За да одите до црногорското приморје преку автопатот Милош Велики ќе ви требаат 4 евра или 480 динари за патарина. Во Црна Гора, пак, се наплаќаат патарини на две делници и тоа на автопатите Ситница – Херцег Нови и Бар – Подгорица. За да поминете низ тунелот Сожине треба да платите 2,5 евра, додека патничките возила плаќаат патарина од три евра на делницата Мељине – Требиње.

Патарината за Албанија е 5 евра на единствениот автопат досега. Патарината кон Грција е 1.699 динари – или половина во денари грубо околу 800 денари. На пат до морето во Хрватска најпрво треба да платите патарина во Шид од 479 динари, а на другите патарини на хрватските автопати патарината е околу 25-30 евра.

Што се однесува до патот низ Србија, возењето по автопатот „Милош Велики“ сега чини 490 динари, наместо 430, а оние возила кои имаат ТАГ уреди за електронско плаќање, на таа релација ќе плаќаат 465 динари. За делот Белград-Ниш патарината сега е 890 динари, а со поскапувањето ќе биде 1.020 динари.

Цените на нафтата во светот

Барел нафта моментално изнесува околу 75 долари, а на европскиот пазар на почетокот на годината се тргуваше по цена од 117 долари, а новите цени на горивата во Србија прочитајте ги на линкот подолу.

Цените на овој енергенс паѓаат на глобално ниво, моментално се стабилни, но од јуни тоа би можело да се промени во зависност од одлуките на групата ОПЕК на јунскиот состанок, но и од светската геополитичка ситуација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Одложени блокадите на границите кон Македонија: Бугарија бара дијалог наместо

19/06/2026
Македонија

Времето стабилно за викендов – попладне нестабилност со пороен дожд

19/06/2026
Македонија

Секторот игри на среќа алармира: Новиот предлог-закон е „политички популизам“

19/06/2026
Македонија

Повреден риболовец со харпун во Охридското Езеро

19/06/2026
Македонија

Промени во изгледот на полицајците: Дозволени уредни бради и тетоважи!

19/06/2026
Македонија

Почина уште едно обвинето лице за трагедијата во Кочани

19/06/2026
Македонија

Кривична пријава против претседателот и секретарот на Фудбалскиот сојуз Валандово

19/06/2026
Македонија

Доктор и медицинска сестра пријавени за обид за шверц на

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43827
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Одложени блокадите на границите кон Македонија: Бугарија бара дијалог наместо тензии

19/06/2026

Бугарија испрати порака против најавените блокади на граничните премини кон Македонија, оценувајќи дека ваквите активности би можеле да имаат негативен

Времето стабилно за викендов – попладне нестабилност со пороен дожд

19/06/2026

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во југоисточните делови наместа ќе има услови за појава

Секторот игри на среќа алармира: Новиот предлог-закон е „политички популизам“ што ќе остави 10.000 луѓе

19/06/2026

Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, кој Владата го достави до Собранието на 14 мај годинава, предизвика сериозен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy