
Почина затвореник на клиника, бил донесен со влошена здравствена состојба
Денеска (21.05.2024) во 02.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал осуденикот И.А.(65) од Тетово, кој издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а кој претходно бил донесен со влошена здравствена состојба. По насока на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.