
ПОЧИНА ВЛАДИМИР НЕСКАРОВ, ШЕФОТ НА ЛУКОИЛ – втор во околу една година
Претседателот на руската нафтена компанија „Лукоил“, Владимир Некрасов, ненадејно почина на 66-годишна возраст, што го прави вториот шеф на Лукоил кој починал за нешто повеќе од една година.
Компанијата објави дека неговото срце откажало, пишува Sky News. Некрасов работеше речиси педесет години во секторот за нафта и гас.
Претходниот шеф на Лукоил, Равил Маганов, почина во септември минатата година откако падна од прозорецот на болницата во Москва.
Инаку, Лукоил јавно зазеде став против војната во Украина. Во соопштението во март минатата година на официјалната веб-страница тие напишаа дека се загрижени за трагичните настани во Украина и дека ги поддржуваат преговорите за прекин на конфликтот.
Надзорниот одбор на компанијата повика на итен прекин на огнот.
Извор: Блиц.рс