
Почина Силвио Берлускони
Силвио Берлускони почина на 87-годишна возраст во Милано, јавуваат италијанските медиуми.
Тој почина во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, а како што пишуваат медиумите, во последните неколку години неколку пати бил хоспитализиран.
Во април тој се лекуваше од белодробна инфекција предизвикана од леукемија.
Во јануари 2022 година се лекуваше од сериозна инфекција на уринарниот тракт, а во септември 2020 година беше под лекарски надзор поради пневмонија предизвикана од коронавирусот.
Берлускони првпат стана премиер во 1994 година и водеше четири влади до 2011 година.
фото: ilgiornale.it
