Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почина Ленче Софрониевска, една од основоположниците на современиот судски систем во Македонија
Македонија

Почина Ленче Софрониевска, една од основоположниците на современиот судски систем во Македонија

27/11/2025

AA

Ленче Софрониевска, истакнат правник и судија, која значително придонесе кон развојот на современиот судски систем во Македонија по стекнувањето независност на државата, почина на 26 ноември на 77-годишна возраст, соопшти семејството.

Најголем дел од својот професионален живот го посвети на реформите во правосудството со цел обезбедување на самостојност и независност на судската власт од извршната и законодавната власт.

Софрониевска е родена на 14 јануари 1948 година во Скопје. Правосудната кариера ја започнува во 1974 година во Општинскиот суд Скопје 2, кога била избрана за најмлад судија во тогашната СР Македонија.

Во претходниот систем, таа била претседател на Судот на здружен труд и член на Претседателството на ЦК СКМ. По прогласувањето на независноста на Македонија, Софрониевска била советник во првата Влада на Република Македонија и генерален секретар на Владата.

Во подоцнежниот период, таа работела како судија и претседател на Апелациониот суд во Скопје, како и член и претседател на Републичкиот судски совет на Република Македонија. До пензионирањето, Софрониевска работеше како адвокат, продолжувајќи да дава значаен придонес во правниот систем на земјата.

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

Почина Ленче Софрониевска, една од основоположниците на современиот судски систем

27/11/2025
Македонија

Метео аларм за денес: Повремени дождови, најобилни во источните делови

27/11/2025
Македонија

МОРА ДА СЕ ОТКРИЕ ВИСТИНАТА ЗА СИТЕ ТРАГЕДИИ Вреди дава

27/11/2025
Македонија

ВЛЕН: Анкентната комисија мора да ги открие вистините за сите

27/11/2025
Македонија

Солунскиот суд го ослободи Аце Циганот од екстрадиција кон Македонија

27/11/2025
Македонија

ВИДЕО Започнува судењето на турските државјани за убиството на плоштадот

27/11/2025
Македонија

ГРЦИЈА ГО ОСЛОБОДИ АЦЕ ЦИГАНОТ Убиството од пред 28 години

27/11/2025
Македонија

ВЛЕН: Економијата добива форма со Бесар Дурмиши на чело

27/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Метео аларм за денес: Повремени дождови, најобилни во источните делови

27/11/2025

УХМР издаде метео аларм за денес, најавувајќи повремени врнежи од дожд низ целата земја. Најобилни врнежи се очекуваат во источните

МОРА ДА СЕ ОТКРИЕ ВИСТИНАТА ЗА СИТЕ ТРАГЕДИИ Вреди дава целосна поддршка на Анкетната комисија

27/11/2025

Коалицијата Вреди целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија во Собранието, бидејќи со години граѓаните беа оставени без одговори и

ВЛЕН: Анкентната комисија мора да ги открие вистините за сите трагични случаи

27/11/2025

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, бидејќи со години граѓаните беа оставени без одговори и манипулирани. Оваа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy