Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почина Филип Аврамчев – долгогодишен член на ЛДП, активист и поранешен директор на Универзална сала
Македонија

Почина Филип Аврамчев – долгогодишен член на ЛДП, активист и поранешен директор на Универзална сала

07/05/2025

AA

Либерално-демократската партија соопшти дека почина Филип Аврамчев – нивни долгогодишен член, активист и поранешен директор на Универзална сала. Веста за неговото заминување беше објавена на официјалната страница на партијата на Фејсбук.

„Со длабока тага и неверување се збогуваме со Филип Аврамчев, наш долгогодишен член и актуелен член на партиските органи на ЛДП, докажан либерал и наш истакнат активист и борец. Либерално-демократската партија изразува длабока жал и сочувство до семејството Аврамчеви и најблиските роднини и пријатели. Не постојат зборови кои можат да ја надоместат штетата и да послужат како утеха во мигови како овој, но Филип ќе го паметиме ведриот дух, непресушните идеи за подобро утре и моментите поминати заедно како сопартијци, но уште повеќе – како пријатели и партиски другари“, пишуваат од ЛДП.

Аврамчев е роден во Скопје, своето образование го стекнува во родниот град, во Оклахома, Атина и во Женева. Помеѓу кариерата во приватниот сектор, беше дел од тимот во 2013 година во Општина Центар, потоа беше директор на ЈУ „Универзална сала“ – Скопје, за на крај, државниот повторно да го замени со бизнис секторот, додаваат од ЛДП.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 8.5.2025 (четврток) во капелата на градските гробишта Бутел во Скопје во 11.00 часот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Георгиевски: Само три-четири дена имавме за подготовка на историската прослава

08/09/2026
Македонија

Како се приватизираше македонската економија? Трпески посочи каде бил проблемот

08/09/2026
Македонија

„Киро Глигоров го имаше 001, јас го имав 101“ –

08/09/2026
Македонија

Ноќта кога Македонија стана независна: „Не знаевме колку е големо,

08/09/2026
Македонија

Како Македонија го воведуваше денарот? Трпески открива со какви дилеми

08/09/2026
Македонија

Трајан Гоцевски: Македонија стекна независност под многу специфични услови, ЈНА

08/09/2026
Македонија

Туше Гошев: Јас сум таткото на правниот систем во независна

08/09/2026
Македонија

Како весниците и библиотеките ја сочуваа македонската историја: Временска капсула

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45570
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Георгиевски: Само три-четири дена имавме за подготовка на историската прослава

08/09/2026

Само неколку дена биле потребни за да се организира програмата со која Македонија ја одбележала својата независност на 8 Септември

Како се приватизираше македонската економија? Трпески посочи каде бил проблемот

08/09/2026

Приватизацијата останува една од најспорните економски теми од првите години на независна Македонија, а поранешниот гувернер на Народната банка, Љубе

„Киро Глигоров го имаше 001, јас го имав 101“ – 35 години независност низ очите

08/09/2026

Новинарот Горан Михајловски, кој ја следи македонската приказна уште од првите денови на независноста, го чува пасошот со број 101,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy