
ПО ТРУЕЊАТА ВО ХРВАТСКА – КОЈ СТАВИЛ ТОКСИЧНА ХЕМИКАЛИЈА ВО ПИЈАЛОЦИТЕ: Продеканот на Хемиско-технолошкиот факултет со свое видување
Вчера во Хрватска
се потврдени се два случаи на труење, а трет е суспектен. Утрово има уште еден случај, вкупно четири.
Неофицијално се дознава дека и двајцата пациенти од Загреб
пиеле кока-кола. Пациентот во
Риека пиел газирана вода од Ромеркеле. Едниот пијалок се полни во Австрија,
другиот во Загреб. За што се работи и кои се последиците – се разговараше во емисијата
Отворено на ХРТ.
„Првиот пациент од КБЦ Загреб, со благи симптоми на труење по конзумирање газирани
пијалоци, е отпуштен дома. Констатирано е дека има благи ендоскопски повреди на
непцето и горниот дел од хранопроводникот. Кај вториот пациент е констатирано
дека нема каустични повреди
на хранопроводникот, а имал и поблаги симптоми“, изјави доц. Мирјана Калауз,
гастроентеролог, Оддел за интервентна гастроентерологија, КБЦ Загреб.
Таа додаде дека и двајцата забележале печење и болка во
устата и отежнато голтање. „Закрепнувањето нема да биде долгорочно, пациентите
денеска ќе можат да земаат кашеста храна, а за неколку дена ќе можат да се
префрлат на нормална храна.
„Оштетувањето на слузницата е побрзо и потешко со алкалните
течности“
Ваквите повреди се јавуваат по консумирање на средства за
чистење кои пациентите може да ги земаат ненамерно или намерно. Разликата е
помеѓу земање кисели и алкални течности, оштетувањето на слузокожата е побрзо и
посилно кај алкалните течности, имајќи предвид дека тие се вискозни и побрзо се
лепат на слузницата. Киселите течности се лизгаат по хранопроводот побрзо и
предизвикуваат поголема штета само во желудникот“, истакна Калауз.
Продеканот на Хемиско-технолошкиот
факултет на Универзитетот во Загреб,
Ернест Мештровиќ коментирајќи
дека Römerquelle се флашира во Австрија, а Coca-Cola во пластично шише во
Загреб, потврди дека тоа се две различни линии и две различни технологии.
Според него
малку е веројатно едно шише
да е загадено доколку навистина имало грешка при производството.
„Доколку при миењето на линијата останала киселина или
алкали, сигурно се наполниле неколку шишиња со овој агенс. Треба да се вратите
назад и да видите за која серија се работи. Понекогаш се работи за една смена,
понекогаш 24 часа, а понекогаш и неколку дена работа пред да се испере
линијата“, додаде тој.
Тој нагласи дека тешко дека некој во фабриката можел да
стави нешто во едно шише. Но, можно е, како што вели, некој во транспортот, со намера да му наштети на
производителот, да го заменил шишето со друго, во кое ставил некоја состојка
без да се забележи. Тој предупреди дека ова се уште се шпекулации и дека треба да се почека наодите.
ФОТО: Unsplash
