
По судир на камиони, голем пожар во тунел во Словенија: 33 противпожарни возила се вклучија во гасење!
Во Словенија дошло до тешка сообраќајна несреќа во тунелот Малечник поради судир на четири камиони, а во гаснењето на пожарот учествувале дури 120 пожарникари.
Во тунелот Малечник во Словенија дошло до тешка сообраќајна несреќа по судирот на два камиони, а чудо е што нема жртви, пишува 24ur.com. На социјалните мрежи се појави снимка од несреќата на која се гледа камион кој не држел дистанца и не ги почитувал сообраќајните прописи.
Во судирот учествувале четири камиони, а по судирот избил голем пожар. Жртви нема, а едно лице е полесно повредено.
Едниот камион превезувал автомобили, а другиот калциум карбонат. На лице место интервенирале 120 пожарникари од дури 33 возила.
