
По повеќечасовен распит, Груби спроведен во Кривичниот суд
По пет и пол часа поминати на распит во обвинителството, Артан Груби беше спроведен под полициска придружба во Кривичниот суд во Скопје, каде што продолжуваат законските процедури. Тој беше изнесен од објектот преку излезот што води кон гаражата на МНТ, по што беше префрлен во судот.
При неговото појавување, Груби не даде изјава и не одговори на новинарските прашања.
Претходно утринава тој беше приведен на граничниот премин Блаце, откако границата ја преминал пеш. Поранешниот вицепремиер беше во бегство повеќе од 14 месеци, а пред заминувањето изјави дека ќе се врати во земјата.
