
По невремето, изби пожар во Србија каде загина жена
Жена изгоре во пожар што по невремето избувна во Ковачица во Србија.
Српски Телеграф објави дека жена изгорела ноќеска во пожарот што избувнал во нејзиниот стан. Пожарот е пријавен половина час по полноќ, веднаш по катастрофалното невреме што да зафати Србија. Пожарот избувнал на улицата Масарикова во Ковачица.
Во вчерашното невреме загина 12-годишно дете во Нови Сад, од струен удар.
Фото: Ada Be / Flickr / CC BY 2.0