Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 По 14 години побегнала од киднаперите: Владимир обвинет за силување и убиство
Македонија

По 14 години побегнала од киднаперите: Владимир обвинет за силување и убиство

01/08/2023

AA

Жена чиј идентитет не е откриен, но која полицијата ја претставува како Екатарина Б, побегнала од подрумот каде што киднаперот ја чувал 14 години во Русија.

Жената, која сега има 33 години, била киднапирана во 2009 година, а на полицијата и рекла дека целото време била изложена на сексуална злоупотреба, пренесуваат руските медиуми.

Осомничениот Владимир Ческидов (51) моментално се наоѓа во психијатриска болница, под полициски надзор, а се соочува со обвиненија за убиство, силување и киднапирање.

Ческидов, наводно, убил уште една жена, 30-годишната Оксана, во 2011 година, соопшти Рускиот истражен комитет. Наводно, траги од тоа злосторство биле пронајдени во подрумот, пренесуваат руските медиуми Дејли Мејл.

Неговата мајка, Валентина, живеела во истата дрвена фарма во Смолина, регионот Чељабинск, и била свесна дека тој киднапирал жени, според извештаите.

Екатерина успеала да побегне откако мажот се напил, а мајка ѝ повикала брза помош поради него, велат од полицијата.

Онеспособен, не успеал уште еднаш да ја затвори во нејзината „зандана“, пишува Дејли Мејл, повикувајќи се на локалните медиуми.

Побегнала и ја нашла својата сестра Елена со која не била во контакт 14 години, а потоа повикала полиција. Киднапираната и кажала на својата сестра дека постојано и се заканувал, пишува тој портал.

„Одеше насекаде со мене држејќи нож, секогаш имаше нож во раката“, наводно рекла таа.

Се запознале кога таа имала 19 години, а тој и понудил да ја изведе на пијачка на железничката станица, и рекла таа на својата сестра.

„Потоа ме повика дома. И се започна од таму“, наводно и рекла на својата сестра, пишува Дејли Мејл.

Кога Владимир ќе излезеше, ќе ја врзеше, ќе ја прицврстеше за греда и ќе и ја залепеше устата, наводно.

Тие наведуваат дека ќе ја пушти само да работи дома, а од неа се очекувало да чисти, готви и да се грижи за неговата мајка.

Како што пишува овој медиум, Екатерина била од „проблематично семејство“ и додека имала сестра, другите роднини не ја барале.

Конечно побегнала, убедувајќи ја мајката на Владимир дека ќе ги убие и двајцата, по што жената повикала брза помош.

Во текстот на voicemag.ru се наведува дека во куќата се пронајдени и „остатоци“ на друга жена.

Се додава дека се отворени истраги и за судбината на неговиот татко и неговата поранешна сопруга, чија смрт сега е под знак прашалник.

Екатерина била пријавена за исчезната во 2009 година, но полицијата не можела да ѝ открие ниту на другата девојка која била киднапирана.

Локалните извештаи велат дека постои сомневање дека таа била убиена со чекан, пишува Дејли мејл.

Рускиот истражен комитет во соопштението наведе:

„Во текот на истрагата за кривичното дело, констатирана е вмешаност на осомничениот [Владимир Ческидов] во убиството на локален жител во 2011 година. Поради овој факт, истражните органи на Рускиот истражен комитет за регионот Чељабинск поведоа кривична постапка според првиот дел од член 105 од Кривичниот законик на Руската Федерација [убиство]. По убиството, осомничениот го распарчил телото на жената, а посмртните останки ги закопал во подрумот од куќата“, велат тие.

Како што додаваат, тој моментално е под надзор на полициски службеници во медицинска установа.

„На лице место работат истражителите и форензичарите на Рускиот истражен комитет. „Покрај киднапирањето, тој е осомничен и за сексуално злоставување на жената за време на нејзиното 14-годишно заробеништво“, се вели во соопштението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 МИЦКОСКИ ГИ ПОВИКА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ВО АВСТРИЈА ДА СЕ ВРАТАТ

22/04/2026
Македонија

ОТВОРЕНО СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ Скопје домаќин на

22/04/2026
Македонија

ИДНИОТ РУДНИК ЗА АНТИМОН ЌЕ ДОНЕСЕ НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И РАЗВОЈ

22/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ТРЕТ ВО НИЗАТА ВО СДСМ ШТО ИЗВРШУВА ПРЕДАВСТВО

21/04/2026
Македонија

„МИЛЕ, ЗЛАТО СИ, ЧЕСТАМ РУЧЕК“, „ПОЛОЖЕН ТИ Е СО 93,33“

21/04/2026
Македонија

НЕ МОЖЕ ДА СТАНЕ ПРАТЕНИК НЕКОЈ СО ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Во

21/04/2026
Македонија

Величковски: Ветинг мора да има!

21/04/2026
Македонија

Величковски: Лицата на „црна листа“ живеат слободно во Македонија

21/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42741
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy