Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пленковиќ во Собранието: Мојата посета е нов чекор во продлабочување на нашите квалитетни односи
Македонија

Пленковиќ во Собранието: Мојата посета е нов чекор во продлабочување на нашите квалитетни односи

05/04/2023

AA

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој е во официјална посета на земјава, во своето обраќање пред пратениците во Собранието оцени дека неговиот престој во Скопје претставува нов чекор во продлабочување на нашите и онака квалитетни односи.

– Не само што Хрватска и Северна Македонија немаат отворени проблеми, туку и нашите односи секој ден се поблиски и посодржински. Тоа особено откако Северна Македонија стана членка на НАТО, со што станавме сојузници, истакна Пленковиќ.

Ја повтори, како што кажа, цврстата поддршка што Хрватска и го дава на Северна Македонија за европскиот пат.

– Посебно ми е мило што мојот поранешен и некогашниот главен советник Владимир Дробњак сега е советник на вашата Влада и ви ги пренесува искуствата што тој лично ги има. Хрватска оваа година ќе одбележи десет години членство во ЕУ. Во 2022 Хрватска стана дел од Шенгенскиот простор и дел од Еврозоната. Сега можеме да кажеме дека во овој процес во целост е заокружен, што значи дека влеговме во еден безбедносен процес, рече Пленковиќ.

Хрватскиот премиер рече дека нашите пријателски односи датираат пред официјалното воспоставување на дипломатските односи за што лани одбележавме 30 години, како и дека овие односи најмногу се должат на меѓусебно разбирање и на нашите народи и на нашите култури.

На свечената седница присуствуваа и претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министри во Владата, претставници на судската власт, лидери на верските заедници, амбасадори и претставници на дипломатскиот кор…

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СÈ ПОПРИВЛЕЧНА ЗА СТРАНЦИТЕ Турците најбројни, Германците и Србите

27/09/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ СО НОВА ПОРAКА ДО ФИЛИПЧЕ Престанете да обвинувате други

27/09/2026
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски

26/09/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ

26/09/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45830
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“ Филипче жестоко по Платформата за

27/09/2026

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција го оцени вчерашниот настан на Платформата за промени во

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче да не ја бара вината

27/09/2026

Додека Владата работи на подобрување на условите за граѓаните, во опозицијата се случува хаос, оцени денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране

МАКЕДОНИЈА СÈ ПОПРИВЛЕЧНА ЗА СТРАНЦИТЕ Турците најбројни, Германците и Србите веднаш зад нив

27/09/2026

Македонија во првите седум месеци од годинава ја посетиле 741.446 туристи, што е за 1,5 отсто повеќе во споредба со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy