Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Плата 2.000 евра, не е потребно работно искуство, но работници нема никаде! Се урива сектор стар над илјада години, никој не сака да оди кај овчари
Македонија

Плата 2.000 евра, не е потребно работно искуство, но работници нема никаде! Се урива сектор стар над илјада години, никој не сака да оди кај овчари

30/12/2023

AA

Новите прехранбени навики на 47 милиони жители на земјата создаваат дополнителна тешкотија. Минатата година годишната потрошувачка на овчо месо падна на 0,89 килограми по жител од 2,56 килограми во 2008 година.

Во Шпанија, најголемиот производител на јагнешко месо во Европската унија, производството на ова месо драстично опаѓа поради недостигот на овчари, намалувањето на потрошувачката и недоволната исплатливост на овчарството.

Минатогодишното производство било за 41 отсто помалку од 2007 година, покажуваат податоците на локалното здружение на производители Пасторес Групо Кооперативо.

„На овчарите и на селата им се заканува исчезнување“, вели земјоделецот и претседател на задругата Фран Сантоларија. Но, ние сакаме да го одбраниме и зачуваме овој сектор кој е стар повеќе од илјада години“, додава тој за Хина.

Pastores Grupo Cooperativo обединува 800 овчари од 400 села во провинцијата Арагон во североисточна Шпанија. Во тој регион се произведува 10 проценти од целото месо произведено во Шпанија.

Во рестораните на градовите како Сарагоса и Хуеска, на гостите им се нуди меко јагнешко месо со специфичен мирис „Ternasco de Aragon“, кое се смета за специјалитет низ целата земја.

Локалниот овчар Антонио Енфедаке (61) одгледува животни онолку долго колку што се сеќава. Тој почна да работи со овци и нивните млади јагниња во 1980 година, во пресрет на влезот на Шпанија во ЕУ, кога се предвидуваше дека секторот има светла иднина.

Антонио, чии два сина помагаат во стадото на 3.000 овци, сега не може да најде работници. Им нуди месечна нето плата од 2.000 евра, но на пазарот нема овчари.

„Тоа не е само прошетка со овците“, објаснува тој на својата фарма во селото Вилануева де Галего. Треба да се знае за овците, за лековите и храната за нив“, додава тој.

Овчарите немаат годишни одмори и празници, работат по 14 часа на ден, а студениот ветер таму познат како „циерзо“ ги камшикува по пасиштата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НОВО ПОГЛАВЈЕ ЗА СТАБИЛНОСТ И РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА „Стратегијата Македонија

08/12/2025
Македонија

ПОТРЕБНА НИ Е ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ СПЛОТИМЕ

07/12/2025
Македонија

Полиција откри голема количина алат во „Мерцедес“ на автопатот Табановце-Куманово

07/12/2025
Македонија

ДОАЃА МНОГУ ПОТОПОЛ ПЕРИОД Темпратурата седната недела ќе се искачи

07/12/2025
Македонија

„Имаме ли мир?“ – моќна порака од Сиљановска што одекна

07/12/2025
Македонија

НАМ НИ Е ПОТРЕБНА ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ

07/12/2025
Македонија

Возило со американски ознаки излета од патот кај Кичево, едно

07/12/2025
Македонија

Со пиштол ограбена обложувалница во Струга

07/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38617
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Нема причинa да ги критикуваме Израел и САД за нападот врз Иран

23/06/2025

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема причина да ги критикува нападите на Израел и САД врз Иран. „Нема причина

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy