Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пластичните хирурзи за Том Круз: „Тој го задржа неверојатно младешкиот изглед“
Магазин

Пластичните хирурзи за Том Круз: „Тој го задржа неверојатно младешкиот изглед“

14/08/2024

AA

Том Круз го привлече вниманието на затворањето на ОИ во Париз со акробации, но и со својот младешки изглед. Многу фанови на социјалните мрежи коментираат дека не им се верува оти актерот има 62 години. На интернет веќе се разговараше за наводните естетски операции на Том Круз, а сега „Дејли мејл“ за ова проговори со естетскиот хирург Кшем Јапа од Велика Британија.

Тој изјавил дека е можно Том Круз во одреден момент да направил фејслифтинг во комбинација со вшприцување маснотии.

„Тоа може да биде ефикасна комбинација и тоа е операција што често ја правам, но мора да внимавате на количината маснотии што ја ставате во лицето. Како што старееме, се случуваат две работи – кожата се опушта, па лицето паѓа и гледате подлабоки брчки од носот до устата и полабав врат, исто така го губиме волуменот околу слепоочниците и средината на лицето, што може да доведе до потенок изглед“, објасни тој.

„Подигнувањето на лицето го враќа ткивото на лицето во неговата младешка состојба, а мастите, кои се земаат од другите делови на телото, обично од стомакот или колковите и се вшприцуваат во лицето со помош на мали инјекции, го надополнуваат изгубениот волумен. Масните графтови сепак ќе дејствуваат како сало на стомакот, дури и на лицето“, додаде тој.

Дебатата за појавувањето на Том Круз почна пред три години кога фотографите го фатија на бејзбол-натпревар во Оракл Парк во Сан Франциско. Фотографиите на актерот потоа бргу се проширија на социјалните мрежи, а многумина се запрашаа што се случило со неговото лице. Тие не беа сигурни дали Том се здебелил или лицето му е отечено поради некоја причина.

„Том Круз успеа да одржи неверојатно младешки изглед, што многумина го припишуваат на неговиот активен животен стил и посветеноста на фитнесот. Иако не можеме со сигурност да кажеме дали направил некакви козметички зафати, можно е да избрал неинвазивни третмани за да го одржи својот свеж изглед“, додаде естетскиот хирург Фади Хамадани во интервју за „Дејли мејл“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – едно лице

23/04/2026
Македонија

Претрес во Скопје: Пронајдено оружје и муниција, приведено едно лице!

23/04/2026
Македонија

ЗОРАН РИСТОСКИ Е НОВИОТ ПРВ ЧОВЕК НА ЈАВНИОТ СЕРВИС Советот

23/04/2026
Македонија

Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје поради меморијална

23/04/2026
Македонија

Лекарите ќе евидентираат случаи на насилство и без пријава од

23/04/2026
Македонија

Над 1.000 неексплодирани убојни средства пронајдени кај Тумбе Кафе во

23/04/2026
Македонија

Тинекс: Се соочуваме со предизвици, но работиме, се развиваме и

23/04/2026
Македонија

ЛЕКАР ЌЕ МОЖЕ ДА ЕВИДЕНТИРА АКО ПАЦИЕНТОТ Е ЖРТВА НА

23/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42812
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – едно лице возело со 3,95 промили алкохол

23/04/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување

Претрес во Скопје: Пронајдено оружје и муниција, приведено едно лице!

23/04/2026

На 22.04.2026 во 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при

ЗОРАН РИСТОСКИ Е НОВИОТ ПРВ ЧОВЕК НА ЈАВНИОТ СЕРВИС Советот на МРТ очекува од новиот

23/04/2026

Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија го избра Зоран Ристоски – Ѓуза за нов прв човек на јавниот сервис. За Ристоски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy