Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПИРОТЕХНИЧАР ОД СКОПЈЕ ЈА ПОСТАВУВАЛ ПИРОТЕХНИКАТА ВО „ПУЛС“, АМА НЕ БИЛ ТАМУ ВО КОБНАТА НОЌ Сведок и на Обвинителството и на одбраната ги крена тензиите во судницата
Македонија

ПИРОТЕХНИЧАР ОД СКОПЈЕ ЈА ПОСТАВУВАЛ ПИРОТЕХНИКАТА ВО „ПУЛС“, АМА НЕ БИЛ ТАМУ ВО КОБНАТА НОЌ Сведок и на Обвинителството и на одбраната ги крена тензиите во судницата

02/02/2026

AA

Во судницата на Кривичниот суд во Идризово денеска сведочеше и шанкерот Дејан Манасиев, кој од 2012 година работел во дискотеката „Пулс“. Рече дека немал потпишан договор за работа, а од 2023 година бил осигурен на половина работно време. Рече и дека сите од персоналот работеле без договори, немале никаква обука за заштита од пожари, а кобната вечер поголемиот дел од вработените загинале, а се спасиле тој е една девојка.

Одговарајќи на прашања на обвинителот, Манасиев, рече дека не видел кој ја внел и кој ја активирал пиротехниката на концертот на ДНК. Кажа дека на претходните настани на кои се користела пиротехника, доаѓал човек од Скопје со бела коса, кој ја поставувал. Критичната вечер тој човек не бил присутен во „Пулс“.

Во врска со мерките за безбедност рече дека видел противпожарни апарати – еден во ходникот, друг во билетарницата, а, како што кажа, веројатно имало уште еден на друго место. Не можеше да се сети дали имало хидранти за гаснење пожар во и пред објектот. Рече и дека имало план за евакуација кој бил поставен во малиот ходник меѓу големата влезна врата и „каубојските“ врати низ кои се влегувало во кабарето.

Тој, покрај од Обвинителството, денеска беше директно испрашуван и од дел од адвокатите на одбраната, бидејќи и тие го предложиле за сведок.

Одговарајќи на прашањата на одбраната рече дека имало клуч на задната врата, како и дека имало панични светла на средината во објектот.

Рече и дека не видел градежни мајстори во објектот, како и дека на надворешноста на „Пулс“ не биле вршени никакви интервенции. Наведе и оти не го видел обвинетиот Лазар Захариев некогаш да носи облека со ознаки на агенцијата за обезбедување „Рубикон“.

На прашање на одбраната кажа дека во декември 2024 година во „Пулс“ вршела контрола Управата за јавни приходи и дека е утврдено дека една од касите не била исправна, но објектот не бил пломбиран и не му била издадена забрана за работа.

На прашања на дел од одбрната, сведокот Манасиев кажа дека Тодор Јованов, брат на сопственикот Дејан Јованов-Деко работел таму за дневница.

На неговите одговори реагираше Обвинителството кое му предочи повеќе негови искази дадени во истрага, кои, како што беше наведено, се разликуваат од тие што денеска ги дал во судница.

Обвинителот наведе дека Манасиев во Обвинителството рекол дека задната врата критичната вечер била заклучена, дека навел сосема друго време кога Дејан Јованов-Деко пристигнал во т.н. кабаре, како и за тоа колку ппротивпожарни апарати имало во објектот.

Исто така, Обвинителството го потсети дека во истрагата не кажал дека лице од Скопје доаѓало да поставува пиротехника во „Пулс“.

– Ми беше кажано ако нешто дополнително се сетам да дојдам и кажам – рече тој.

На дополнително прашање од судијката, Манасиев кажа дека иако се сетил на овој момент, не отишол во Обвинителството да каже.

Низ солзи раскажа за загубата на колегите.

– Од вработените, таа вечер само Анастасија преживеа. Починаа другите шест-седум – рече тој.

На вкрстеното испрашување на Обвинителството одбраната реагираше дека застапникот на обвинението не ја почитува постапката.

Манасиев се бори со тешки здравствени последици и со намалена сатурација. Рече дека се лекувал во Штип, Скопје и во Грац, Австрија. Последиците ги чувствува и денес.

– Сега повторно ми е падната сатурацијата после 10 месеци, падната ми е на 65 проценти – рече откри сведокот.

Додаде дека не се приклучува кон кривичниот прогон, но ќе бара отштетно побарување поради сериозните повреди.

На сведочењето на Манасиев, бурно реагираа и родителите на загинатите во „Пулс“, велејќи дека е лажно и оти е со цел да го спаси сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов-Деко.

ВИДЕЛ КАКО ПРСКАЛКИТЕ ГО ЗАПАЛИЛЕ СУНЃЕРОТ ВО „ПУЛС“ Сведок рече дека по реновирањето таванот во дискотеката во Кочани бил спуштен пониско

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѓорѓиевски најавува нова механизација за подобро собирање на отпадот

16/05/2026
Македонија

Владата ги продолжи економските мерки до 1 јуни

16/05/2026
Македонија

ФОТО Се запали автобус на автопатот Велес–Скопје, патниците евакуирани навреме

16/05/2026
Македонија

Хигиеничар во училиште осомничен за насилство врз деца во Берово

16/05/2026
Македонија

Нова државна поддршка за занаетчии и мали фирми: 11,3 милиони

16/05/2026
Македонија

17 возачи приведени поради безобѕирно управување со моторно возило!

16/05/2026
Македонија

Со закана со пиштол се обидел да ограби канцеларија за

16/05/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје поради традиционалниот

16/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43309
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ѓорѓиевски најавува нова механизација за подобро собирање на отпадот

16/05/2026

Скопје и натаму се соочува со проблеми во собирањето на отпадот, но градските власти уверуваат дека наскоро ќе пристигне нова

Владата ги продолжи економските мерки до 1 јуни

16/05/2026

Во услови на продолжени економски предизвици и нестабилност на светските пазари, Владата одлучи да ги продолжи мерките за заштита на

ФОТО Се запали автобус на автопатот Велес–Скопје, патниците евакуирани навреме

16/05/2026

Попладнево на автопатот Велес–Скопје, автобус со прилепски регистарски таблички се запалил во близина на наплатната станица Отовица. Благодарение на брзата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy