Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пијан жител на Трубарево удрил во автомобил во кој имало две бебиња, Обвинителството му забрани да го напушта домот
Магазин

Пијан жител на Трубарево удрил во автомобил во кој имало две бебиња, Обвинителството му забрани да го напушта домот

11/08/2025

AA

Против 57 годишен жител на селото Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Загрозување на безбедноста во сообраќајот од член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информираат во Обвинителството, на 8 август, по локалниот пат што ги поврзува селата Петровец и Долно Коњари, осомничениот управувал автомобил „Мерцедес“ со измината важност на сообраќајната дозвола.

„Бил под дејство на алкохол и брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема својствата и состојбата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови. Во таква ситуација изгубил контрола над управувачот, отишол во лево и преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока, па со предниот лев страничен дел од возилото удрил во автомобил „Шкода“. Од незгодата со полесни повреди се здобиле возачот и четворица сопатници од возилото „Шкода”, меѓу кои две 8 месечни бебиња. По укажаната лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување“, наведено е во соопштението од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во судот и привремено одземање на возачката дозвола од Б-категорија, односно забрана за нејзино издавање.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy