Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска: Веќе се разговара со која од земјите членки на Алијансата ќе развиеме подетална билатерална соработка за прашањето со хибридните закани
Македонија

Петровска: Веќе се разговара со која од земјите членки на Алијансата ќе развиеме подетална билатерална соработка за прашањето со хибридните закани

10/03/2023

AA

Претставник на НАТО Алијансата дојде за да ја скенира ситуацијата и состојбата со капацитетите на институциите кои се вклучени во борбата против хибридните закани. Веќе се разговара со која од земјите членки на Алијансата ќе развиеме подетална билатерална соработка за адресирање на ова прашање.

Ова го изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска, одговарајќи на новинарско прашање по денешната посета на армискиот полигон „Криволак“ со амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер.

– Пред неколку дена имавме средба со претставник на НАТО Алијансата кој дојде тука за да ја скенира ситуацијата и состојбата со капацитетите на институциите кои се вклучени во оваа борба и како што и во мојата прва изјава наменета за оваа вежба кажав дека сојузниците се тука да си даваат поддршка и да си помагаат меѓу себе, веќе се разговара и со која од земјите членки на Алијансата ќе развиеме подетална билатерална соработка токму за адресирање на ова прашање, изјави Петровска.

Петровска посочи дека институциите, вклучително и Министерството за одбрана, ги преземаат сите активности за решавање на проблемот.

– Знам дека интересот на јавноста е навистина голем и тоа е оправдано, меѓутоа верувајте дека институциите, вклучително и МО иако не е директно надлежно, преземаме се за да можеме да излеземе во пресрет за брзо разрешување на овој проблем, изјави министерката Петровска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy