Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска: Поддршката за Украина одеше билатерално, ако не бевме членка во НАТО немаше да спиеме толку мирно
Македонија

Петровска: Поддршката за Украина одеше билатерално, ако не бевме членка во НАТО немаше да спиеме толку мирно

24/02/2026

AA

Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска во гостување на 4TV.mk, во емисијата „4 години од војната во Украина“, изјави дека комуникацијата околу донирањето воена опрема за Украина се одвивала првенствено на билатерално ниво.

Таа посочи дека координацијата се реализирала преку украинската амбасада, од каде биле доставувани информациите за потребите на украинската армија.

„Комуникацијата одеше на билатерална основа, преку Украинската амбасада. Така ги добивавме информациите за потребите на украинската војска“, рече Петровска.

Подоцна, како што објасни, под покровителство на американскиот секретар за одбрана била формирана т.н. Рамштајн група, односно Контакт групата за одбрана на Украина, која се состанувала неколку пати годишно за координација на поддршката.

„Во рамки на групата од Рамштајн два пати годишно се среќававме, ги разгледувавме состојбите на теренот и носевме политички одлуки за тоа како да ја засилиме поддршката. Имаше и ад-хок состаноци преку онлајн платформи“, додаде таа, мислејќи на форматот познат како Ukraine Defense Contact Group.

Петровска нагласи дека за Македонија значајно олеснување било членството во НАТО, особено во првите месеци од руската инвазија.

„Факт е дека членството во НАТО беше големо олеснување. Ако не бевме членка, можеби немаше директна опасност од прелевање на конфликтот, но сигурно немаше да спиеме толку мирно како што спиевме тогаш“, истакна таа.

Иако Украина не е непосреден сосед на земјава, Петровска оцени дека конфликтот се чувствувал и во македонското општество, поради личните и семејни врски, како и присуството на украински државјани во земјата.

„Има луѓе кои живеат и работат тука, има семејства и пријатели, и сето тоа се чувствуваше во тие први месеци од војната“, рече Петровска во емисијата на 4TV.mk.

Целата емисија во продолжение:

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Земјотрес ја стресе Албанија, се почувствува и во Македонија!

24/02/2026
Македонија

Кристина Атовска за 4TV.mk разговара за искуствата од военото известување

24/02/2026
Македонија

ДОБАР ПРОФЕСОР МОРА ДА ГИ СЛЕДИ НОВИНИТЕ ВО НЕГОВАТА ОБЛАСТ,

24/02/2026
Македонија

Даниел Ткие за 4tv.mk: Стратегијата на Путин со „зимата како

24/02/2026
Македонија

Спасеновски: Светот влегува во ера на „природна состојба“ каде посилниот

24/02/2026
Македонија

Спасеновски со анализа за 4TV.mk: Три струи во западниот блок

24/02/2026
Македонија

Сведоштво на Дмитро Олијник во 4TV.mk: Од бомбардирањата во Днепар до

24/02/2026
Македонија

И ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ ГО ИМА ВО КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА ПРОТИВ ГРУБИ,

24/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41894
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Земјотрес ја стресе Албанија, се почувствува и во Македонија!

24/02/2026

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер вечерва во 20:06 часот е регистриран во соседна Албанија. Според информациите, епицентарот

Кристина Атовска за 4TV.mk разговара за искуствата од военото известување во Украина

24/02/2026

Новинарката Кристина Атовска, која двапати известуваше директно од Украина, гостуваше на 4TV.mk каде ги сподели своите искуства од теренот и

ДОБАР ПРОФЕСОР МОРА ДА ГИ СЛЕДИ НОВИНИТЕ ВО НЕГОВАТА ОБЛАСТ, СВЕТОТ БРЗО СЕ МЕНУВА Дебата

24/02/2026

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вечерва на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип ги слушна забелешките на академската заедница

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy