Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска: Навремената испорака на хеликоптерите која ќе се реализира оваа пролет е добар знак и ја потврдува добрата соработка и позитивни релации меѓу нашите две земји
Македонија

Петровска: Навремената испорака на хеликоптерите која ќе се реализира оваа пролет е добар знак и ја потврдува добрата соработка и позитивни релации меѓу нашите две земји

13/02/2024

AA

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во воздухопловниот ВИНГ оствари средба со извршниот директор на Воздухопловно-ремонтниот завод „ЛОМ-Прага“, Јири Протива и со амбасадорот на Чешката република Јарослав Лудва.

„По долги години имаме партнер за соработка кој ја гарантира оперативноста и одржувањето на нашите воздухоплови. Ние сакаме опрема која ќе биде оперативна и токму благодарение на двата договори влада со влада, за ремонт, за набавка на резервни делови и за обука на персонал за одржување на воздухопловите сега имаме партнер на кој можеме да се потпреме“, истакна министерката Петровска.

Таа ја потенцира важноста од исполнувањето на договорот што ќе значи и подигнување на капацитетите на Воздухопловниот ВИНГ.

„Навремената испорака на двата хеликоптери е добар знак и ја потврдува добрата соработка и позитивни релации меѓу нашите две земји. Реализацијата на овој договор претставува позитивен пример за продолжување на нашата добра одбранбена соработка“, рече Петровска.

Извршниот директор на „ЛОМ-Прага“, Јири Протива најнапред упати благодарност за денешната средба и потенцира дека двата договори се исполнуваат во целост. Тој додаде дека испораката ќе биде навремена и во следните фази согласно договорите е и обука на персонал за одржување на воздухопловите.

Амбасадорт Лудва на средбата потенцира дека двете страни од самиот почеток работеа напорно за да се реализира овој проект со цел да се стигне до финалната фаза.

На денешната средба во Воздухопловниот ВИНГ присуствуваа и државниот секретар во Министерството за одбрана, Владимир Анчев, Конзулот на Чешката Република Давид Чернохорски, командантот на Воздухопловниот ВИНГ, полковник Игорчо Стоименовски и претставници од Министерството за одбрана и Воздухопловниот Винг.

Двата договори потпишани Влада со Влада придонесуваат за системски да се решат предизвиците и истите овозможуваат брза и навремена испорака на резервни делови потребни за целосна функционалност на воздухопловите на македонската Армија. Испораката на двата ремонтирани хеликоптери ќе се реализира во првата половина на 2024 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди

01/10/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45928
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди дека Македонија нема да испрати

01/10/2026

Македонија нема да испраќа свои војници во Украина, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека државата никогаш не презела

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево време низ Македонија

01/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по што во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп

01/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy