Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска: Нашите молитви се со турскиот народ, ќе продолжиме и понатаму да помагаме
Македонија

Петровска: Нашите молитви се со турскиот народ, ќе продолжиме и понатаму да помагаме

20/02/2023

AA

Ви благодариме за вашата пожртвуваност и што покажавте дека секогаш сте подготвени да му служите на нашиот народ, но и на пријателот кога ќе се најде во неволја. Ви благодариме што го спасивте младиот Сулејман и што му дадовте шанса да прерасне во успешен млад човек, рече денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска за време на пречекот на припадниците на Армијата, кои се вратија од хуманитарната операција во Турција.

Министерката информираше дека во координација со претседателот Стево Пендаровски и началникот на Генералштабот одлучиле дека треба да ги испратат најдобрите, најобучените и најподготвените војници за справување со една ваква комплицирана и тешка задача – извлекување и спасување на она што можеше да се спаси од земјотресите во Турција.

– Кога светот и ние се соочивме со резултатите од тоа што се случи во Турција – двата страшни земјотреси, немавме сомнеж ниту трошка двоумење дека треба да одговориме на повикот за помош и поддршка, затоа што Република Турција е нашата пријателска земја со која изминатите години соработувавме и секогаш ја имавме нивната поддршка. Нашите молитви се со турскиот народ, ќе продолжиме и понатаму да помагаме, рече Петровска.

Затоа, како што рече министерката, одлучено е припадниците дополнително да бидат наградени со дополнителна исплата од една просечна плата.

Претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на церемонијата напомена дека според информациите добиени од НАТО, нашата Армија беше во првите пет кои пристигнаа на самото место, практично 24 часа по земјотресот.

– Вашиот ангажман на самото место беше во рамките на најпрофесионалните достигнувања што може да ги очекува еден врховен командант, еден началник на Генералштаб, министер. Вашето постигнување таму, вашето залагање без одмор 24/7, сите вие вклучително и службените кучиња, беше нешто што само може да се посака секогаш кога вежбате, кога тренирате, кога се подготвувате за лошо и за добро и во тој дел не постои ниту една замерка, ниту од локалното население, ниту од луѓето од турската Армија. Нашите мисли се со оние кои ги изгубија најмилите, рече Пендаровски во обраќањето.

Турскиот амбасадор во Северна Македонија, Хасан Мехмет Секизќок, за време на пречекот се заблагодари за помошта и напомена дека земјава со претседателот, Владата, но и со сите релевантни институции, ги мобилизираа сите свои можности за испраќање помош до регионот погоден од земјотресот.

– Турција пред две недели ја доживеа најгрозоморната природна катастрофа во својата блиска историја. Северна Македонија од првите мигови откако се прочу веста, која длабоко нè трогна сите, рече дека во овие тешки денови со сите можности ќе стои до Турција. Екипите за заштита и спасување веднаш беа испратени кон погодениот регион, додаде амбасадорот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без

11/04/2026
Македонија

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5,

11/04/2026
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42381
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026

Во сите православни храмови денес владее празнична атмосфера, додека верниците го прославуваат Велигден – најголемиот и најрадосниот христијански празник, кој

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да

11/04/2026

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без дозвола

11/04/2026

Дванаесет возачи се приведени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување возило, при што најголемиот дел од нив биле зад волан

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy