Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска на церемонија со гувернерот на Вермонт, Фил Скот: Tридецениското партнерство со Националната гарда на Вермонт ја трансформираше нашата Армија и служеше како инспирација за силен развој
Македонија

Петровска на церемонија со гувернерот на Вермонт, Фил Скот: Tридецениското партнерство со Националната гарда на Вермонт ја трансформираше нашата Армија и служеше како инспирација за силен развој

10/06/2023

AA

Во рамки на посетата на САД, министерката за одбрана Славјанка Петровска во Вермонт присуствуваше и се обрати на церемонијата со која беше одбележано 30-годишното партнерство помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт, а со гувернерот на Вермонт, Фил Скот го потпишаа и свечениот документ кој го рефлектира ова тридецениско партнерство и посветеноста на Армијата и на Националната гарда на идните заеднички активности.

„Пред три децении, нас не зближија нашата визија за единство и соработка како и нашите заеднички вредности. Низ изминатите 30 години имавме импресивни резултати – организиравме над 350 активности, а врвот на меѓусебната доверба беше и заедничкото учество во мисијата во Авганистан во 2010 година. Ја видовме и трансформациската сила на соработката – како споделувањето на знаење, експертиза и ресурси доведуваат до иновативни решенија кои имаат долгорочно влијание“, рече министерката.

Фокусирајќи се на идните можности, Петровска истакна дека особено денес кога се соочуваме со комплексни предизвици, мораме да останеме агилни, да се адаптираме на промените и да продолжиме заедно и здружени да изнаоѓаме решенија кои ќе ја зацврстат нашата колективна безбедност.

„Чекорејќи во оваа нова фаза на нашето партнерство, ние мораме да бидеме и храбри и амбициозни во нашите цели. Постигнувањата од изминатите 30 години се пример за нашата отпорност и колективните капацитети. Сега е време да бидеме уште поодлучни и да ги поместиме границите на она што можеме да го достигнеме заедно“, порача Петровска.

Министерката им се заблагодари на генералот Најт и на генералот Ѓурчиновски и нивните претходници за нивната посветеност во развојот на ова партнерство, а признание им оддаде и на сите припадници на Армијата и на Националната гарда за нивната професионалност, одданост и посветеност кои го обликуваа меѓусебното партнерство.

Гувернерот на Вермонт, Скот истакна дека „низ годините, нашите армии соработуваа многу – со вежби во Северна Македонија и САД, со хуманитарна работа и со заедничкото учество во Авганистан во 2010, кога членовите на нашата Национална гарда стоеја рамо до рамо со Северна Македонија“.

„Нивните споделени искуства и посветеноста на лидерите во одбраната беа исклучително важни за успехот на ова партнерство и ни помогнаа да ја изградиме оваа силна врска. Сакам да потенцирам неколку големи успеси во ова време кое го вклучува и членството на Северна Македонија во НАТО како 30. Сојузник. Со тоа вие се приклучивте на најуспешната Алијанса во светот, а ние станавме поблиски“, рече гувернерот Скот.

Во своето обраќање, началникот на Генералштабот, генералот Ѓурчиновски се заблагодари за 30-годишната поддршка од страна на Вермонт и додаде дека Армијата е целосно посветена на уште посилен развој на соработката и заедништвото со Националната гарда.

Во Берлингтон, министерката Петровска и гувернерот Скот имаа и засебна средба на која ја потврдија политичката поддршка за континуиран развој на партнерството помеѓу двете вооружени сили.

По церемонијата министерката Петровска во изјава за Телма и ТВ21 порача дека треба да бидеме горди на успесите кои што се постигнати преку ова партнерство, особено во доменот на одбраната.

„Преку градењето на националните капацитети, преку зајакнувањето на македонската Армија меѓутоа и преку градењето на вистински пријателства всушност се одразува она што е суштината на ова партнерство“, рече Петровска. Додаде дека соработката продолжува да се развива и во доменот на кризниот менаџмент, сајбер-одбраната, како и други сектори.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Загина пешак на магистралниот пат Подмоље- Струга – го удрило

16/02/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ, ЌЕ ДУВА СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР СО БРЗИНА НАД 60

16/02/2026
Македонија

Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела

16/02/2026
Македонија

Скопјанка организирала сексуални услуги во помошен објект во Тетово, и

16/02/2026
Македонија

ДЗС НА ТЕРЕН ВО ПОВЕЌЕ ПОПЛАВЕНИ РЕГИОНИ Граѓаните добиваат помош

16/02/2026
Македонија

ФОТО Камерата во Тетово покриена со платно е фотографија генерирана

16/02/2026
Македонија

ТРКА ЗА ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Советот на ЈО утре дава мислење

16/02/2026
Македонија

СКОПЈАНКА ПОСРЕДУВАЛА ПРИ ПРОСТИТУЦИЈА Тетовец ѝ давал на располагање простории

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41513
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Загина пешак на магистралниот пат Подмоље- Струга – го удрило товарно возило!

16/02/2026

На 16.02.2026 во 06:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат Подмоље- Струга, товарно возило „ман“,управуван од

ВНИМАВАЈТЕ, ЌЕ ДУВА СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР СО БРЗИНА НАД 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС Следуваат обилни

16/02/2026

Силен северен ветер ќе донесе заладување и снег во Македонија. Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолт метеоаларм за утре за

Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела финалната верзија ќе биде доставена

16/02/2026

Министерството за здравство останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови. Во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy