Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска: Македонците во Албанија имаат апсолутно право да се произнесат како што се чувствуваат
Македонија

Петровска: Македонците во Албанија имаат апсолутно право да се произнесат како што се чувствуваат

25/09/2023

AA

Тие имаат апсолутно право да се произнесат онака како што се чувствуваат односно да се произнесат како Македонци. Правото на самоопределување на секој еден граѓанин, без разлика каде и на која територија се наоѓа, е една од темелните европски вредности, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска прашана за коментар во врска со бугарски притисоци кон македонското малцинство во Албанија за изјаснувањето на нивната национална припадност на пописот што се спроведува во таа земја.

Петровска во одговор на новинарско прашање на прес-конференција рече дека европските вредности треба да ги почитуваат и земјите кои се во ЕУ како и останатите кои сакаат да пристапат во Унијата.

Посочи дека една од целите на европското интегрирање е со зачленувањето на државава во ЕУ, македонскиот пасош да биде европски што ќе овозможи граѓаните да не чувствуваат, како што рече, притисоци или да бидат залажувани со некои бенефиции за да се попишат различно од она што го чувствуваат.

-Една од целите што сакаме да ја постигнеме со ЕУ-интеграцијата и за која неспорно сите сме за – е кога Република Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ, македонскиот пасош да биде европски пасош за граѓаните понатаму да не чувствуваат какви било притисоци или не бидат залажувани за одредени бенефиции, впишувајќи се како различна национална припадност од онаа што тие ја чувствуваат, истакна Петровска на прес-конференција со министерот за одбрана на Норвешка, Бјорн Арилд Грам.

Додаде и дека грижата за интересите на граѓаните на Северна Македонија или нејзини припадници, без разлика каде живеат, „се докажува со реални постапки, а не само со говори“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кајмакоски бил киднапиран се огласи неговата ПР, Миланка Рашиќ –

08/02/2026
Македонија

ЗАЕВ СЕ ЈАВИ ВО ОДБРАНА, ДАЛИ СТАНУВА КЛАУСТРОФОБИЧЕН? Од ВМРО-ДПМНЕ

08/02/2026
Македонија

„Виз Ер“ прогласи итност на летот од Скопје за Париз,

08/02/2026
Македонија

Минатата година декември бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив

08/02/2026
Македонија

​„ДОСТА Е, ЌЕ ВЕ ТУЖАМ!“: Заев со жесток демант до

08/02/2026
Македонија

Родители и експерти бараат строги правила за социјалните мрежи за

08/02/2026
Македонија

МОЖНИ ПОПЛАВИ ВО ПЕРИОДОТ ДО АПРИЛ Циклонските активности ќе донесат

08/02/2026
Македонија

НЕМА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ ЗА ДА ИМА ФЕР УСЛОВИ ЗА ИЗБОРОТ НА

07/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41185
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кајмакоски бил киднапиран се огласи неговата ПР, Миланка Рашиќ – смирено и храбро се соочил

08/02/2026

Веста дека Даниел Кајмакоски ноќеска бил киднапиран во близина на Бетон хала во Белград е точна, соопшти неговата ПР Миланка

ЗАЕВ СЕ ЈАВИ ВО ОДБРАНА, ДАЛИ СТАНУВА КЛАУСТРОФОБИЧЕН? Од ВМРО-ДПМНЕ му одговорија на екс-лидерот на

08/02/2026

Заев се јави во одбрана на својот криминал, дали станува се повеќе клаустрофобичен?, прашува ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи ја објавата на екс-лидерот

„Виз Ер“ прогласи итност на летот од Скопје за Париз, авионот слетна во Луксембург

08/02/2026

Летот на „Виз Ер“ од Скопје за Париз утрово заврши со слетување во Белгија. Екипажот прогласил вонредна состојба додека авионот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy