Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска: Армијата е ангажирана во „Идризово“ како поддршка на припадниците на МВР
Македонија

Петровска: Армијата е ангажирана во „Идризово“ како поддршка на припадниците на МВР

21/06/2023

AA

Кризната состојба во КПД „Идризово“ ќе трае 30 дена до 5 јули и таа е воведена согласно процедурите, како резултат на потребата од соодветен човечки потенцијал задолжен за чување и обезбедување на затворот, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Таа нагласи дека при прогласувањето на кризната состојба се запазени сите процедури, согласно предлог на Групата за проценка за потребата од прогласување кризна состојба во затворот.

– Во овој случај полицијата и мал број на припадници на Армијата, кои се во поддршка на припадниците на МВР, се ангажирани со цел да можат да се справат со состојбата, односно да не се дозволи евентуално ескалирање или нарушување на безбедноста на државата. Како институции, како министри, сите ние имаме обврска работите да ги превенираме односно да ги искористиме сите механизми кои ни стојат на располагање да не дојде до влошување на одреден состојби, изјави Петровска во Штип по презентацијата на новите лесни оклопни возила од опремата на Армијата во Касарната „Јане Сандански“.

Таа додаде дека од директорот на Управата за извршување на санкции е информирана дека е започната постапката за вработување на кадри во затворската чуварска служба, истакнувајќи дека припадници на Армијата ќе бидат ангажирани во обезбедување на затворот се додека се смета дека е потребно.

– Не правиме нешто што е надвор од нашите овластувања и мислам дека нема потреба од никаква паника, уште помалку од користење на оваа состојба за разни видови на политика, истакна Петровска, додавајќи дека согласно извештаите што ги добиваат ангажманот на армиските припадници вродува со плод.

Одлуката за прогласување кризна состојба во затворот „Идризово“ ја донесе Владата на почетокот на месецов за период од 30 дена, поради како што беше соопштено „спречување на безбедносни закани“.

Со Одлуката се утврдува „постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа „Идризово“ ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата“.

– Од органите на државната управа се бара да преземат мерки и активности согласно прописите за управување со кризи, а од Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, да ги следи состојбите, да координира со активностите и редовно да ја информира Владата, соопштија од владината Прес-служба при објавувањето на Одлуката.

Со прогласувањето на кризната состојба беше решено припадници на Армијата да бидат ангажиран за обезбедување на затворот, при што како што информираа од Кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски тие ќе бидат поддршка на полицијата и нема да имаат допирна точка со лицата кои се наоѓаат на издржување затворски казни.

– Ангажманот на припадниците на армијата ќе биде идентичен како и за време на Ковид-19 пандемијата кога обезбедуваа надворешен периметар на стратешки важни објекти, а за кој ангажман јавноста имаше позитивно мислење, посочија од кабинетот на Пендаровски, додавајќи дека армиските припадници се ангажирани во рамките на одлуките донесени од страна на Групата за процена на безбедносни закани, како и на Управувачкиот комитет.

На ангажирањето на Армијата, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ кои обвинија дека е направен преседан и прашаа чија ќе биде одговорноста „ако дојде до судир меѓу затворениците и војниците“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАСЕР СЕЛМАНИ ВИНОВЕН ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА НА КАНАЛ 5

17/02/2026
Македонија

Панчевски со документ ја демантира одлуката на Советот на обвинители:

17/02/2026
Македонија

„НE СМЕ БЕЗНАДЕЖЕН СЛУЧАЈ“ Костадиновски смета дека „Сејф сити“ има

17/02/2026
Македонија

Уставен со 4 предмети за „Сејф сити“ – Костадиновски: Проектот

17/02/2026
Македонија

Оштетени возила: Падна дрво во близина на средното економско училиште во

17/02/2026
Македонија

СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО ДА ИМ СЕ УКИНЕ ПРИТВОРОТ НА

17/02/2026
Македонија

Силни ветрови во текот на ноќта и утре, најкритично во

17/02/2026
Македонија

Врснично насилство во Виница: 15 годишно дете истепано во училиште

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41580
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАСЕР СЕЛМАНИ ВИНОВЕН ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА НА КАНАЛ 5 И НА ИВАН МИРЧЕВСКИ Апелација

17/02/2026

Апелацискиот суд во Скопје ја потврдил пресудата на Граѓанскиот суд во Скопје, со која новинарот и поранешен претседател на Здружението

Панчевски со документ ја демантира одлуката на Советот на обвинители: „Имам над 12 години стаж“

17/02/2026

Поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, експресно реагираше со материјален доказ откако Советот на јавни обвинители денеска ја

„НE СМЕ БЕЗНАДЕЖЕН СЛУЧАЈ“ Костадиновски смета дека „Сејф сити“ има легитимна цел, но ќе го

17/02/2026

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во изјава за медиумите денеска информира дека за системот „Сејф сити“ се формирани четири

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy