Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петковиќ за косовските специјалци: Што бараат со оружје, мапи, ГПС, длабоко во централна Србија и во шума?
Регион

Петковиќ за косовските специјалци: Што бараат со оружје, мапи, ГПС, длабоко во централна Србија и во шума?

14/06/2023

AA

Директорот на владината Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, на вонредна прес-конференција изјави дека специјалците на косовскиот премиер Албин Курти биле длабоко на територијата на централна Србија. 

Вели дека српската полиција не ја поминала административната линија ниту милиметар. Петковиќ кажа дека Србија е подготвена да ги понуди сите докази и повика да се отвори меѓународна истрага доколку е потребно, јави дописникот на МИА од Белград. 

„Антитерористичката единица на српската жандармерија лоцираше и уапси тројца припадници на специјалната полиција на Курти кои беа вооружени до заби“, рече Петковиќ.

Тројцата имале автоматско оружје и целосна воена опрема со ГПС уреди, мапи и друга опрема. 

„Тие што ги прекршија овие меѓународни договори се токму овие албански терористи, припадници на косовската полиција“, рече Петковиќ.

Тој ги негира тврдењата на косовските власти дека се работи за некакво киднапирање. 

„Што бараат со оружје, мапи, ГПС, длабоко во централна Србија и во шума? Тоа ќе го утврди истрагата“, рече Петковиќ.

Курти го оквалификува како агресија и намера за дестабилизација на земјата денешното приведување на тројца припадници на полицијата на Косово, за кои властите и медиумите во Приштина тврдат дека биле киднапирани од маскирани припадници на српски сили на косовска територија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти побара итно ослободување на косовските полицајци и ја повика меѓународната заедница да го осуди инцидентот. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Хоџа: Продолжува партнерството со Светска банка за системска борба против аерозагадувањето

16/02/2026
Македонија

ПОПЛАВЕНИ СЕ 500 ОБЈЕКТИ ВО ФОРИНО Куќите биле изградени на

16/02/2026
Македонија

„На маса не нè слушаат, па затоа ќе нè слушаат

16/02/2026
Македонија

Девојка насилно внесена во возило кај Бит Пазар и истепана

16/02/2026
Македонија

БИТОЛСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ НА ПОМОШ ВО КИЧЕВО: Испратени екипи и опрема

16/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО НИЗ ПОЛОГ: Поплавени куќи, падна потпорен ѕид врз куќа,

16/02/2026
Македонија

ПАДНА ПОТПОРЕН ЅИД ВРЗ КУЌА ВО ТЕТОВО, ЗАГРОЗЕНИ ОБЈЕКТИ НА

16/02/2026
Македонија

Скопјанец ги нападнал мајка му и сопругата, користел и остар

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41526
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Хоџа: Продолжува партнерството со Светска банка за системска борба против аерозагадувањето

16/02/2026

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари работна средба со претставници на Светската банка, предводени од г-ѓа

ПОПЛАВЕНИ СЕ 500 ОБЈЕКТИ ВО ФОРИНО Куќите биле изградени на помалку од 1 метар од

16/02/2026

Волонтерските тимови на Црвениот крст се на терен во селото Форино, каде по извршената проценка е утврдено дека најкритична точка

„На маса не нè слушаат, па затоа ќе нè слушаат од улица“: ССМ утре ја

16/02/2026

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) утре во 11 часот ќе ги блокира сите влезови на Владата. Ова е последната

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy