Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петковиќ: Србија во минатото не се плашеше ниту од поголеми насилници од Албин Курти
Регион

Петковиќ: Србија во минатото не се плашеше ниту од поголеми насилници од Албин Курти

12/11/2023

AA

Koсово обвинува дека Србија е закана за безбедноста, а Србија го тврди спротивното. 

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија при српската Влада, Петар Петковиќ, порача дека Србија не „плаши ни од поголемите насилници“ од Албин Курти, нагласувајќи дека тоа е одговорот на сите негови сонувања за Голема Албанија и за некакво де факто или де јуре признавање од страна на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Петковиќ рече дека косовскиот премиер Албин Курти е најголемата безбедносна закана за регионот и се додека тој е на позиција на моќ, никој на Западен Балкан нема да може да спие мирно.

„Србија е мирољубива, но не е слаба, и во минатото не се плашеше ниту од поголеми насилници од Албин Курти и ова е одговор на сите негови соништа за Голема Албанија и некакво де факто или де јуре признавање од Србија“, велат од Канцеларијата.

Курти во Париз изјави дека Косово се соочува со безбедносни закани од странство, особено од Србија.

„Колку побрзо ги нормализираме односите со де јуре и де факто признавање, толку подобро за сите“, кажа Курти. 

Косовската министерка за правда Аљбуљена Хаџиу денеска изјави дека претседателката на Косово, премиерот и претседателот на Собранието, Вјоса Османи, Албин Курти и Гљаук Коњуфца подготвуваат тужба за геноцид против Србија. Оваа година имаше повеќе инциденти на Косово, а најголем беше нападот во Бањска каде вооружена српска група уби косовски полицаец, но загинаа и четири члена на групата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy