
Перишиќ се понудил во Серија А, но добил „корпа“
Перишиќ преку своите агенти ѝ се понудил на Фиорентина, но добил „корпа“ од екипата од Серија А.
Искусниот Хрват неодамна се скара со тренерот Џенаро Гатузо, кој го исфрли од екипата поради недисциплина.
Перишиќ одигра само 12 меча за Хајдук и притоа постигна еден погодок за тимот од Сплит.
