Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пералната на Клинички не работи, вработените со месеци без плата
Македонија

Пералната на Клинички не работи, вработените со месеци без плата

22/09/2025

AA

Веќе три дена пералната на Клинички центар не функционира, а вработените со месеци не добиле плата, пренесе Сител телевизија. Здравствените установи се снаоѓаат за чиста постелнина како знаат и умеат – дел од чаршафите се перат на други клиники, како Инфективна или Онкологија, но вработените реагираат дека тоа не е трајно решение.

Објектот кој треба да обезбеди хигиена и заштита од интрахоспитални инфекции е во критична состојба и без минимални стандарди.

Тоа го потврдил и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој утврдил дека пералната не ги исполнува санитарно-техничките услови.

„Потребно е целосно реновирање на просторот и опремата. Се работи со застарени машини кои постојано се расипуваат“, изјавил Кирил Лазов, директор на Инспекторатот.

Фирмата што ја менаџира пералната очекувала јавно-приватно партнерство, а за неисплатените плати посочува дека не добила средства.

Од Заеднички служби велат дека е исплатен најголемиот дел од долгот кон фирмата.

„Од 31 декември до денеска сме исплатиле 80 до 90 проценти од долгот, што е доволно за да им бидат исплатени платите на вработените“, изјави Башким Бакиу, директор на Заеднички служби.

И Министерството за здравство најави дека проблемот ќе биде тема на владина седница.

„Дефинитивно со пералната имаме сериозен проблем. Ја менаџира фирмата ‘Скопстерс’, но е јасно дека тоа не функционира. Затоа ќе предложиме објектот повторно да премине во владение на државата, за да можеме ние да го менаџираме“, изјави министерот за здравство Азир Алиу.

Алиу и Бакиу имале состанок со директорите на клиниките, кои веќе се соочуваат со сериозен проблем да обезбедат чисти чаршафи. Притоа, останува отворено и прашањето за специјалните услови за перење на постелнина од собите за изолација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy